АНАЛИЗА НА ВОЈНАТА СО ГРЦИЈА (РАБОТИ КОИ МОРА ДА ГИ ИМАМЕ ВО ПРЕДВИД)

Day 1,273, 16:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Драги еМакедонци дојде и тој ден!!!
Дојде денот и причината поради која ние играме еРепублик и од утре ќе бидеме во војна со нашиот вечен непријател и државата која ни има сторено многу зла во реалниот живот а богами и во оваа игра. За во реалниот живот сите ги знаеме злата што ни ги имаат наравено но, ние во моментов ја играме оваа игра и сепак поради тоа треба и да ги гледаме лошите работи што ни ги прават и во играва!
Како прво да напоменам дека до сега сме немале директен конфликт со оваа земја во еРепублик и дека ова е нашиот прв меѓусебен дуел, дуел кој сите го очекуваме со големо нетрпение(морам да признаам дека адреналинот ми е многу висок сега додека го пишувам ова). Злото кое ни го прават во играва е поврзано со тоа од реалниот живот, за тоа да го видите ќе ви покажам само една слика:

Линк за поголема слика
Да! Мислам дека со сликава се ви е јасно!! Секако иако сите гориме од желба да го уништиме “нашиот јужен сосед“ но, од таа желба можеме и да изгориме и затоа не смееме да се залетаме многу на тоа туку треба да бидеме претпазливи! Верувајте не сакаме на крај Италија да биде ослободена и Македонија да биде поробена од Грција(после тоа сите ќе плукаат по претседателот и ќе плачат), а нашиот менталитет покажува баш тоа дека ако почнеме да губиме ќе изгубиме се(после знаете што ќе се случи). Нема веќе да должам во врска со ова туку ќе преминам на главното и тоа поради кое решив да напишам статија!!!
Прво ќе почнам со тоа што ќе ви покажам една слика а, потоа ќе ја анализирам!

Линк за поголема слика

1. Италија
Заборавивте на неа така??? Точно и јас заборавив во еден период! Значи што е целта тука? Во Италија мора да имаме 2 или 3 единици(знам дека во коментарите ќе викате дека: тоа не е можно и дека ни требаат сите располозливи воени сили за Грција). Немојте да ми кажете дека сте решиле цивилите да ги бранат регионите во Италија!!! За да ја браниме Италија потребно е организираност затоа што верувајте дека сите цивили ќе удираат на Грција! Нормално е тоа и јас да бев цивил во Грција ќе удирав и никој немаше да ме натера да правам нешто различно! Затоа потребно е Струмјанин да превземе во врска со ова и да назнаци 2-3 единици да ја чуваат Италија и секако тоа се ќе биде на посебен канал за да нема забуна(веќе имаме канал што го користевме во востание, знаат сите кој е). Значи имајте во предвид овие работи и да не се палиме како млади мајмуни!!!

2. Апулија
Уште еден мноогу важен детал во оваа анализа!!!
Апулија е единствената врата низ која Грција може да влезе на Апенинскиот полуостров. Поради тоа не смееме да дозволиме влез на Грција тука! Сепак во случај да се случи нешто со што би ги губеле териториите, тоа ќе направи да немаме големи и шокантни загуби!!! Значи некаде пред да се изгласи законот за природен непријател ние треба да кренеме востание во Апулија со цел да ги отсечеме од Италија и во случај на големи победи на грција сепак да можеме мирно да си опстоиме како еДржава! На кратко сакам да кажам дека востание во Апулија може да биде сламка за спас против Грците!!!

3. Србија (не толку важен предлог)
Значи овој предлог доколку би го оствариле би бил секако огромен бонус за нас, но незначи и дека можеме многу да сториме во врска со него па поради тоа јас го напишав како не толку важен предлог. Значи како што можете да видите од мапата погоре доколку Србија ја освои Софија може значително да ни ги зголеми шансите за победа против Грците! Како?? Сега ќе ви кажам:
Значи со освојување на Софија, Србија ќе ја отсече границата на Бугарија со нас а исто така ќе си направи граница со Грција(надевајќи се дека побрзо ќе си ги реши своите проблеми и во случај на опасност да ја прогласи грција за НЕ), а таква предност и вие самите знаете што значи на еРепублик.

4. Турција
Секако Турција не смееме да ја заборавиме!!!
Иако тие имаат мир со Грција сепак имаат право да ни помагаат во нашите битки во кои нивното влијание на нивните тенкери ќе направат голема разлика во битката!
Турција во моментов е во војна со Украина која за воља на вистината е многу послаб противник и Турција со леснотија си ги зема битките(буквално цивилите ја освојуваат украина) тоа значи дека може итоа како да ни бидат од помош и мораме уште сега добро да се организираме со нив и со нивните паравоени единици!!

Епа еМакедонци и еВлада на еМакедонија мислам дека мојава анализа беше добра и опфатив добар дел од тоа што треба да се знае!! Ако е така ве молам шаут еден на статијава:
Шаут
Анализа на војната со Грција http://www.erepublik.com/en/article/-1-1774728/1/20