АЈДЕ ДА ОДИМЕ ВО ВОЈНА

Day 1,273, 04:58 Published in North Macedonia Cuba by Hogar7

Ако ја анализираме моменталната состојба нема потреба да седиме мирни и да чекаме да се крене некое востание од страна на жабариве за да имаме наша војна.


ЗОШТО ДА ИМАМЕ ВОЈНА?

1. Имаме NE за во тренинг (+1 strenght од прилика, не фаќајте ме одма в гуша ако не е точен кецот 🙂 ) кое се рачуна на секој Македонец, не реба да да ја губиме таа сила, замислете 5000 македонци, тоа е 5000 сила секој ден изгубена и плус помалку ранк поени за нашиве граѓани.

2. Второ не е интересно вака без своја војна. Искрено најинтерсниот дел од играта ми беше некаде пред 2 недели кога војувавме на 4 фронта: Франција, востание кај нас од жабарите, Италија и Бугарија, иако пола македонци панично пишуваа статии за патриоти и предавници (како во реалниот живот) 🙂 затоа што ги дававме оригиналните територии
во замена за главен град во Италија, јас се восхитував на нашата ни еМакедонија заради активноста во сите тие војни, тактичноста и затоа
што тука се виде големината наша, бидејќи издржавме машки нормално со помош на сојузниците (еве прилика да им се заблагодарам на ONE за помошта).

3. Со ова исто така и помагаме на Србија, затоа што таа војува на многу фронтови и моментално е во незавидна состојба (овде не велам дека не и помагаме и сега, затоа што еве пример јас, а и мојата единица маваме нон стоп за Србија како приоритет). Би и помогнале во тоа што бугарските граѓани би го поделиле инфлуенс-от и кај нас и кај нив (барем обичните смртници 🙂 )

Е сега која војна?

И овде не треба многу мислење, знам дека сите сакаме кога тогаш да се пресметаме со Грција но сепак тоа по мене и не е така добра идеја.
Прво Грција има спремни играчи (со картички) па и да бидиме реални појаки се од нас, второ Грција може да не брка по цела италија затоа што има можност да не нападне кај Апулиа.

Од друга страна Бугарите може само да ни ги нападнат оригиналните делови, а и да ги изгубиме, не губиме ништо во ресурси (освен можеби гордоста затоа што не ќе се наши некое време, а после можеме да ги вратиме), а добивките се поголеми и гореспоменати 🙂

Заклучок: денес ја имаме Италија, оригиналните региони се вратени и нема никаква причина да седиме со скрстени раце

Кој се согласува со ова прво нека удри SUB, после Vote, a Shout-от е најзадолжителен 😛

Следна статија можда ќе е нешто во врска со новите измени ама треба добро да проанализирам, а и време да поднапишам

п.с. прв артикл ми е овај не карајте ме одма демек без слики и слично, ќе има во наредните 🙂