Откривање на АрАрамиите и други агенти на ДБК (контролата на еМКД)

Day 1,267, 12:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Драги еМакедонци!
Сигурен сум дека многу од вас мислат дека власта на еМакедонија уште од нејзиното создавање ја држат АрАпашите (АрМакедон) не ве ни обвинувам за тоа ваше мислење секој “обичен“ жител на еМакедонија би го помислил баш истото, но вистината треба да се погледне и од друга страна!


Како прво се извинувам со сите поради тоа што ја држев оваа важна и голема превара во тајност и ве молам да ми простите, но сега откако се покајав за моите гревови до Џизс Холикрајстовски сега со мирно срце можам да ги објавам сите тајни и сите илузии кои ви беа стварани не од АрАпашите туку баш напротив од една друга воена единица од која сигурен сум дека не сте ни очекувале а тоа е ДБК!!

Да добро прочитавте сепак според некоја иронија како во РЖ така и во оваа игра ДБК ја контролира еМакедонија.... Пред да почнете да кажувате дека немам врска што пишувам ќе ви ги презентирам најпознатите тајни агенти за кои не се ни очекувало да се тајни лица (иако за сите нив се знае дека се големи апаши), но верувајте дека баш тие кои ќе ви ги кажам (барем тие за кои има докази) се токму тие агенти и спремен сум иако животот после ова ми виси на конец сепак спремен сум да станам подобар човек... значи да почнеме:

Ќе почнам со најголемиот Апаш во еМакедонија што некогаш бил и кој е лидер на АрАашите а тоа е Drashhh_III_Makedonski тајно име Драпаш- The M.
Која е функцијата на Драпаш_007 во ДБК? Не е тешко да се примети, кога ќе отворите на неговиот профил можете да погледнете дека под никот негов стои ознака со буквата М која означува дека за еМакедонија тој е модератор( да бидам попрецизен ги елиминира тие што стојат на патот на ДБК и кои сепак мора да бидат “исчистени“! Исто така да напоменам дека Драпаш беше и поранешен претседател....за тој дел нема да коментирам сите знаете.
Еве го доказот дека е таен човек од ДБК:

Линк за поголема слика

Линк за поголема слика

Мислите дека се ви кажав?? Се лажете ако тоа го мислите!!! Да продолжиме со наредниот агент. Тоа е Дедото кој е многу познат во светот а не е Дедо Мраз, туку е DedaNoe тајно име The Grandfather- 007.
Функцијата на Дедото во ДБК е да ги спроведува воените зафати на Македонија како што им одговара на ДБК. Секако успеавме да го вметнеме во Министерството за Одбрана итоа како главен министер... сега следува доказот дека е таен агент:

Линк за поголема слика

Да продолжиме понатаму хмм.... кој ли беше следен??? Ааа да ми текна ја заборавив поранешната министерка за информации на еМакедонија и сегашна за дезинформации на ДБК. Поточно личност која ги “информира“ цивилите за работи кои се од корист на ДБК!! Ви ја претставувам Koteska Кити- 001. Функцијата на Кити е како што напоменав и исто така да го контролира каналот #emkd да нема несакани личности кои би можеле да ја насетат нашата матна работа. Следува доказ:

Линк за поголема слика

Следен агент кој ќе го објавам е... Ivan Vancho Makedonski тајно име Џон Рамбо од Македонија. Функцијата на Рамбо во ДБК е да прави поголем прилив на пари внатре во единицата итоа со помош на купување на злато со крадени кредитни картички(иначе да ви кажам дека и во моментов има купено 600 голд и ќе го дава на сите за да не го издадете неговиот идентитет), исто така другата функција на Рамбо е секако според неговиот таен лик да тенка за еМакедонија со вишакот на злато со цел да ги избрише сите сомнежи во врска со ДБК!! Доказ дека е во ДБК:

Линк за поголема слика

Сега ќе напоменам дека нашата шпијунска мрежа не се состои само од агенти кои се членови на АрМакедон туку има и други членови кои сепак имаат големо влијание во еМакедонија или попрецизно кажано се ВИП членови... да продолжиме:

Следен агент на листата е поранешниот претседател на еМакедонија Makedonec3 тајно име Претседателчето-014 Како претседател на еМакедонија можете да си претпоставите која е неговата функција во ДБК. Само да ве потсетам на импичот на Makedonija Do Indija кој во оваа ситуација беше жртвено јагне во моментот кога беа потребни пари и злато за ДБК! Поради големата акција која беше спроведена од страна на Македонец3 тој мораше да пребега во Латвија за да се спаси од смртна казна! Следува мал доказ дека е дел од ДБК:

Линк за поголема слика

Следен е заменик министерот за економија на еМакедонија, десната рака на ЛазаросаМКД и најголем спамер на чат... Grand Admiral Kristijan тајно име The story teller - Y. Целта на овој човек во ДБК е да го пере мозокот на обичните луѓе во врска со економијата на државата и исто така помошник на Кити на каналот на македонија за чат. Еве го доказот и за него:

Линк за голема слика

Тоа се нашите тајни агенти и тоа се моите докази дека ДБК ја контролира еМакедонија! Сега мојата душа може мирно да почива во мир на оној свет и откако се иповедав кон сите вас се надевам дека ќе ми простите за сторените дела.......

ВАЖНООО!!!!
Оваа статија ја напишав со цел да биде интересна, значи се извинувам ако навредив некого и исто така им благодарам на главните актери кои се на сликите, а кои секако си се оргиналните луѓе!!! Ако ви се допадна статијава еве шаут да ја покажете на сите

ШАУТ!!!
Откривање на АрАмиите и Други агенти на ДБК
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1770198/1/20

Ви благодарам за одвоеното време. о7