ПРЕДЛОГ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО!! [МАСОВНА АКЦИЈА]

Day 1,266, 09:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia
Мал вовед во темава
Пред се сакам да ги потсетам постарите играчи во еМакедонија (не дека јас сум многу стар но сепак сум скоро 3 месеци) како беше пред само 2 месеци во оваа игра кога 1 злато = 50 мкд беше супер барем според мене, беше лесно да се заработи а уште полесно да се обезбедат пари со кои потоа со нивно претворање можеше да се заработи многу злато и едноставно сите си имавме злато за бустер со кој се билдавме а, ќе напоменам дека тренингот со бустер е главната алка во јачање на една држава... повеќе нема да должам околу тоа туку само ќе ви покажам една слика:

Клик за голема слика
Дали сега можете да видите што се деси за само 2 и нешто месеци? Сега дури ни државата не е во можност да заработи многу голд со претворање на мкд затоа што многу малце ќе заработи.


Значи да преминам на главното:
Прво морам да кажам дека инспирација на идеата ми беше оваа статија која е напишана од DiplomatMK и за која апелирам сите да прочитате за што се работи...

Знам дека откако ќе ја прочитате оваа статија долу во коментарите најчесто ќе се гледа: Админите се криви за висината на златото затоа што цело време внесуваат мкд во државата а го откупуваат златото и знаете што? Ќе бидете во право, тоа е точно, но незначи дека треба да седиме со скрстени раце и да чекаме на милост на админите да ја намалат цената, затоа што ова е единствената работа во оваа игра која што власта на една држава неможе да ја контролира туку за да се успее во тоа потребна е помош од целиот народ на државата. Со ова сакам да кажам дека за оваа работа најважно е да бидеме сложни како никогаш до сега и баш сите да се вклучиме и само да знаете доколку сложно го изведеме ова ви гарантирам дека цената на златото ќе падне најмалце за 3 пати ако не и повеќе!
Сега пред да почнете да се откажувате од читањето на статијава ќе ви ги представам следниве работи кои мора сите да ги направиме и секако дека ако една од нив не направиме тогаш залудно е да се мачиме за останатите.

1. Монетарен пазар
Сите да ги тргнете цените на златото на Монетарниот Пазар кои се под 0.015 за почеток па да видиме како е па за понатаму ќе биде полесно, ЗНАЧИ ПОВТОРУВАМ ЦЕНИТЕ НА МП ДА СЕ ТРГНАТ СИТЕ ШТО СЕ ПОД 0.015

2. Медиа могул акција
Во овој дел ќе ја вклучам повторно оваа статија која е напишана од DiplomatMK и за која за да продолжи успешно оваа акција мора да ја прочитате сите за да сватите што сакам да кажам. Сега сигурен сум дека се прашувате што има ова врска со цената на златото (барем некои од вас). Со оваа акција ќе направиме голем прилив на злато во државава и со самото тоа цената на златото ќе се намали затоа што количина ќе има поголема и која ќе биде доволна да ја задоволи побарувачката барем додека се стабилизира цената после тоа!
Сега што е идеата до ова. Во еМакедонија има околу (да земеме најмала бројка) 5000 новинари, ако сите тие земат ММ медала тоа е прилив во државата од 25 000 злато доколку земат 1 медал а ако ја разработиме акцијава како што треба количината на златото ќе биде дури и поголема. Согласно со тоа сите што ќе го земат медалот да донираат 0.5 злато во Народна Банка на Македонија и со тој потег ќе се направи златото (барем добар дел од него) да не “бега“ никаде.

3. Продавање на златото надвор од Македонија

Ова се случува многу често кај нас посебно кога цивилите на еМакедонија одат во други држави и претвораат злато во странска валута и со тоа автоматски цената на златото во државата расте. Исто така несмееме да купуваме фирми од странство дури и цената на таа фирма да биде помала од цените на фирмите кај нас.

4. Шаутирајте ја статијава
Со самото тоа ќе им дадеме дознаење на сите македонци и колку повеќе го видат ова толку повеќе акцијата може да биде успешна

5. Да покажеме дека можеме да соработуваме
Мора да покажеме еднаш во животот дека можеме да го смениме оној наш себичен менталитет затоа што и покрај се на крај тоа ќе го направиме за наша корист и немојте да мислите дека ако не сте дале 0.5 злато сте заработиле...туку баш напротив заедно со вас и сите ние губиме. Затоа македонци доста веќе со тој РЖ менталитет и барем во играва да покажеме дека можеме да соработуваме како еден тим!!!

За крај да кажам дека за ова исто така ми треба голема помош од власта за да го мотивира народот да ги исполни сите овие точки

П.С: Оваа акција може да биде и неуспешна, но дури и да не успееме сепак да знаеме дека сме се потрудиле

СИТЕ ШАУТ!!!!!!!!!!!