ИЗВЕСТУВАЊА [ Претседател ]

Day 1,264, 09:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Поздрав еМакедонци !


Неколку известувања за почетокот, да се загрееме.


Ослободување на матичните територии


Како што веќе гледате, две од трите територии си ги ослободивме и наскоро и третата ќе биде слободна. Со тоа акцијата за префрлање на главниот град ја затворивме. Нагласувам, ако бевте било каде или ако се вративте дома за востанијата, сега СИТЕ да се вратиме назад во Ломбардија. Пресудно е да бидете СИТЕ лоцирани во Ломбардија како резервна варијанта за главен град.

Затоа, Q1 картичка и правец во Ломбардија. Во меѓувреме, ни останува уште да го ослободиме Скопје !
🙂


Македонски Апенински Територии (МАТ)


Наскоро ќе ги ослободиме и преостанатите три Македонски Апенински Територии. Договорив со Словенскиот претседател утре да кренат востание во Лигурија, по што ќе си ја вратиме назад и Лигурија под наше владение. Наскоро ќе додадеме уште барем еден ресурс на нашата листа. За останатите барам решение, што воено, што дипломатско... Ќе видиме, за вакви одлуки нема да Ви приредувам изненадувања туку ќе има широк консензус.

Значи, во најкус рок ќе си ги повратиме МАТ и ќе имаме и стока (ресурс де 😛 ).


Нашите херои


Многу луѓе се заслужни за успесите на еМакедонија, ама двајца се истакнуваат особено во битките : DexterMKD и ScymeX ! Самиот знам колку ни фалеа кога бев претседател пред еден месец. Сега наместо да се молам на странски тенкови, тука се нашите македонски херои кои безрезервно помагаат. Ќе се потрудам државата ако ништо друго бар да ги снабдува со одредена количина тенкови по битка. Мислам дека сите ќе се сложите со ова !

Уште еднаш им благодарам во името на сите нас !


Државни сметки


Се трошело премногу. Мора да ставиме ред и да ги поправиме соодветно даноците. Иако сме еДржавата со најдебела каса (во домашни валути) тоа секако не значи да се расфрламе. Трошоците многу се нараснати и ако сакаме да одржуваме армија и да даваме рефунд, ќе мора да собираме повеќе даноци. Ако не, на секое бише по 50 денари и нека си купи само шо сака (Цацко вели така) 🙂


Министерства


Ги молам сите поранешни министри да ги дадат пасвордите на новите министри или на мене лично преку порака. Тоа е неопходно за да си почне се да си функционира како треба. Очекувам секое Министерство во рок од два дена да ги најави своите активности за наредниов месец. Така сите ќе сме информирани што да очекуваме.


Наскоро ќе објавам конкурс за Аватарот со енационалниот симбол. Конкурсот ќе биде меѓународен и ќе има добра награда ! 😃


Со почит,

Струмјанин