Не сме многу ама заедно сложни можеме чуда да правиме [Кика]

Day 1,264, 09:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Kika Mladenovska
музичка подлога



После некое време повторно се враќам со статија каква што најчесто сакам да пишувам. За подигнување на Македонштината, ама онаа позитивната, не онаа на која сите ние сме навикнати.

Не сме многу ама заедно сложни можеме чуда да правиме.






За почеток една приказна:

Итриот и добриот Пријател...

Си биле двајца многу добри другари од кој едниот бил итар и едниот добар тие си минеле многу добро биле поблиски и од браќа. еден ден на итриов пријател му биле потребни пари и отишол од другар му да побара пари и овој добриот му ги дал сите пари што ги имал. после некое време овој итриов му вика на добриот пријател да ја остави верената бидејки му се свиѓа на него и да му ја даде на него, овој добриот од што многу го сакал својот пријател се откажал и од верената. така поминало некое време овој итриот си отворил фирма и работел еден ден овој добрит останува во криза и си вика чекај јас на времето му помогнав многу на другар ми тој има фирма може ќе ме прими во фирмата да работам кај него, и така тој оди кај него и бара работа од него но овој итриот му вика за тебе кај мене нема работа и овој излегува од таму. после некое време тој сретнува еден стар човек на кого му се потребни пари за да си купи апчиња овој добрито го прибира кај него и му ги зема апчињата. после некое време се слуша вест дека стариот умрел и дека тој бил многу богат и дека цело богатство му го оставил на добриот, овој добриот од малку лутина купува куќа пред фирмата на итриот пријател, еден ден кај овој добриот доаѓа една стара жена која проси и му бара место и леб за јадење и овој добриот ја примил кај него така тие си живееле заедно некое време така еден ден седејки жената што била со него му кажува да си најде веќе жена дека годините му се веќе за женење но да си најде некоја што ке биде за него, добриот пријател и вика дека не познава ни една таква девојка и женава му вика дека она знае една мндогу добра дама за него и така тие се запознаваат се земаат и прават свадба овој пак од љубовта спрема итриот пријател го кани на свадба и така на свадбата едно време добриов го зима микрифонот и пред гостите почнува да зборува: Едно време имав еден многу добар другар еднаш дојде и ми побара пари јас му ги дадов сите пари што ги имав, после некое време дојде и ми кажа да се откажам и од верената бидејки многу му се допаѓала и се откажав со тешкотии бидејки многу го сакав како пријател, така по некое време јас останва на тесно и отидов кај него да му побарам работа но тој не ми даде, не можејки да издрже на оваа итриот го зима микирфонот на рака и почнува да зборуба и тој и јас едно време еден многу добар другар еднаш ми беа потребни пари и отидов од него побарав пари и ми ги даде сите пари што ги имаше после некое време му ја побарав верената бидејки таа девојка не беше за него, кога дојде да бара од мене работа не му дадов бидејки не сакав да работи под мое раководство, стариот човек кој што отиде кај него беше мој татко јас го испратив кој што беше пред умирање а жената што отиде кај него да проси беше мојата мајка бидејки не сакав да остане на улица а девојката сега за која се жени тој е мојата сестра, вакви сме ние вистинските пријатели.

Заедничкиот успех го развива пријателството а заедничкиот неуспех го испитува!



Мисли од најпознатите Македонски револуционери...

,,Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија?Дали има народ понесреќен од македонскиот?И дали има некаде пошироко поле за работа,отколкуво Македонија?Треба да се просвети и организира народот,да се вооружи,да му се влее вера во неговите сили-да разбере како може да се оттргне од ропството и мизеријата-да му се отворат очите,, -Гоце Делчев


,,Ние,пред се,ја сметаме идејата за самостојна Македонија како директна цел на нејзиното население и како највозможен модус за применување на принципот на самоопределувањето на народите со другите услови и сообразувања околу решавањето на македонското прашање,, -Ѓорче Петров


Мојот син нема да расте во беэимена држава, каде татко му бил жив и эдрав и со прст не мрднал да си го одбрани основното човечко достоинство... Попрво ќе ме нема и мене и него, ама и многу други татини и мамини синчиња, а богами и ќеркичиња што не им чуе эа ова. -Ченто


“Робот се бори за слобода, а слободниот за совршенство“ - Јане Сандански

“Ако нема слобода има смрт“ - Питу Гули






Македонија е единствената земја во светот која ја имаше легендата Тоше Проески. Но не за долго! За сто години Бугарите ќе тврдат дека Тоше бил Б`лгарин, за 300 Албанците ќе велат дека бил Албанец, а за 1000 Грците ќе го сторат Грк. За две илјади години, Македонците ќе се прашуваат дали бил Македонец и нема да смеат да му изградат споменик за да не ги нарушат добро соседските односи со Грција!





Shout:
Не сме многу ама заедно сложни можеме чуда да правиме [Кика]
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1767746/1/20




поздрав
Кика