Гоце Делчев Македонската Легенда

Day 1,261, 02:54 Published in North Macedonia North Macedonia by BrooklynMKD

Немаше поубава тема да најдам за мојата прва статија. Гоце Делчев една од најголемите Македонски легенди убиен на денешен ден во с.Баница на кукавицки начин предаден од ситни души за 2-3 златника. Познат е по убавите и поучни мисли што ги давал на своите луг и на Македонскиот народ па еве во продолжение некои од нив што мислам дека можат да ни послужат и овде во еСветот.

"Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите"

"Труд и постојанство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива"

"Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија" ( Лазароса, ScymeX, Hoban )

"Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; - или ќе водиме говеда на касапница"

"Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце"

"Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот" (целосна подршка за оваа мисла )

"Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа..."

Вечна ти слава Гоце
Останите со 100 здравје брака Македонци
П.С.Вечер сите кај ScymeX имал многу жабји копани во фрижидер