Рексач, екс-Министер за Одбрана

Day 1,255, 16:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Reksac MKD

*Предупредување: статијата е километарска

Неколку денови пред изборите бев повикан да бидам член на владата на Господинот Македонија до Индија. За право си земав да размислам неколку денови и да како што знаете ја прифатив понудата за да бидам во неговата влада, поточно како министер во Министерството за Одбрана. Воедно имав доблест и политичка кристалност кои беа пресудни фактори за таа одлука, единствено потешкотија ми создаваше само автоматското напуштање на Chaos кое беше неминовно, поради непристрасноста која ја бара функцијата.Да појаснам...голем дел од Chaos ми се РЛ другари за кои искрено играм и ми се водечка сила за да продолжам понатаму во секој сегмент од играва и самиот продолжеток на мојот еЖивот, со единствена цел да си помагаме и играме заедно за напредок на целата единица и напредокот на Македонија. Многу ми е драго што бев примен назад и нормално ќе си го продолжам еЖивотот со луѓето кои ми се допаѓаат и кои ме исполнуваат.

Но да се вратам на периодот од 05.04-21.04, период во кој мојот еЖивот стана РЛ преживување пред компјутер. Свесно се откажав од каква била РЛ обврска и секое мое излегување беше проследувано со неизвесност(од тоа што се случува) и очекување(да ја убијам неизвесноста и да седнам пред компутер). Не сакам да го изразувам моето онлајн присуство во часови, а ниту пак можам. И тогаш кога не бев онлајн правев концепти на работа или пак сум размислувал за подобрување на истите. Се’ тоа во една реченица БЕВ Е*ЕНО ЗАБОЛЕН И ПОСВЕТЕН НА ИГРАВА, НА МАКЕДОНИЈА, НА НАРОДОТ, НА СЕКОЈ ОД ВАС!!!.

*Мој коментар на статијата на Македонија до Индија и коментарите во горенаведената
МдИ брат секоја чест како што и беше...без лаги без префрлување на вината...ГОРДО! Само јас и ти знаеме колку време сме потрошиле на разговори од типот “брат а вака, брат вака е боље, брат не така, брат да не згрешиме, брат не сум спиен ради еРеп, брат а ова да поправиме, брат да дадеме пари таму”. Лично јас сум авторот на “Волците” знаев дека добро ќе и дојде на Македонија нешто ново...Елитна единица! Работев 2 дена на детален концепт, начин на функционирање, почесно повикување на одредени луѓе и регрутација. За жал како што наведе МдИ во својата статија бев спречен (спречени) да го реализираме изработеното, но сепак секогаш има луѓе што се за беља родени и да ги поматат сметките...не сакам никого лично да прозивам. Лично јас, Министер за Одбрана во тој период бев игнориран од одредени воени единици и поединци, а замислете заради која причина, дозволете да цитирам ”...Кој ку* е тој Рексач со 1000 сила да ми наредува мене кога да мавам и кај да мавам...” не сакам да коментирам повеќе. Секако постојат и запознав многу добри ликови кои се светла точка во тунелот, во кој се движи воз без кочници. Не сакам да создавам тензија на политичката сцена која и тоа како е присутна, јас сум човек од народот и воопшто не сум политички настроен, сепак ова е игра и несакам да си создавам непријатели, напротив имам само пријатели кои добро го познаваат мојот карактер, колку што може да се забележи на чат. За време на мојот мандат непристрасно си ја вршев работата, на што одреден број на другари ми се налутија.

Сакам да прокоментирам за мистериозното исчезнување на приближно 230 000 мкд, не се ни 200 ни 300, туку 230 000мкд. На некои луѓе не им е сватлив поимот афект (чудно). “Афект е снажно емоционално доживување , пропратенo со изразени телесни промени . Афектите претставуваат динамични сили кои можат да предизвикаат пријатни чувства (љубов ,задоволство, гордост , пожртвуваност ) , но и непријатни чувства (страв , срам , гадење , љубомора , чувство на вина , тага, гнев и сл. ).” цитат од википедија. Драги мои јас бев емоционално растроен во моментите кога мојот претпоставен МдИ беше ставен на “бесилка”. Бев пропатен од негативни чувства (гад, гнев, огорченсот, желба за одмазда), не се срамам да признаам дека бев избезумен во тие моменти, но тој гнев што преовладуваше во мене и направив глупост, префрлив 100 000 мкд на мојата сметка. Но, како вие би постапиле, секој од вас нека се подзамисли малку, како би се чувствувале ако некој ве зае*е...не сте спиеле претходниот ден, будни сте биле повеќе од 48 часа од кои сигурно повеќе од половина сте ги поминале пред компјутер работејќи на играва(како што беа и 2те недели), сте нашле луфта да заспиете 5-6 саати, станувате и гледате дека не се признава ништо што работите, велат дека сте глупи, дека не сте активни, дека работите против државата,дека сте марионети, дека крадете. Јас постапив лошо, како што знаете. Но по “brain demage-от” што ми се случи, размислив добро и дојдов до реален заклучок дека се крадам само самиот себе, си ја крадам државата, се згадив од својата постапка и по разговорот со МдИ ги вратив парите каде што им беше местото. Нема да побарам прошка од народот за мојата грешка бидејки јас веќе се искупив со враќањето на парите.
Околу останатите 130 000 мкд (мрзам да се правдам, прв и последен пат, бидејки се работи за државни пари)...за приближно 40 000 мкд беа купени ресурси во оргомен број (жито, железо и камен), точно 40 000 мкд беа префрлени во моето Министерство за делење рефунд на единиците и за приближно 50 000 мкд беа купени тенкови од Министерството за Економија (зошто?), поради фактот што тој ден престана можноста да се префрлуваат предмети помеѓу организациите, по што парите беа вратени и сметиките беа средени и чисти.

Сакам да им дадам подршка на новите министри и претседателот, посебно на претседателот и верувам дека се’ прави само за доброто на Македонија, можни се грешки и потфрлување, но реално е и да се исполни планот и да профитираме. Верувам дека и посакуваат добро на Македонија, а посебно на самите себе, да добијат кредибилитет и да дојдат во можност за нов мандат и да се горди на себе на постигнатото. Само со напорна и чесна работа, со посветеност, добри идеи и многу саати поминати пред компјутер може да се направи добро на Македонија. Верувајте дека не е можно никој да не ве спомнува во лош контекст колку и да сте добри и да сте помогнале на Македонија, тоа е балкански менталитет и нека не ве обесхрабрува.

На крај мојот заштитен знак(слика) 🙂


Ваш,
Екс-Министер за Одбрана
Рексач МКД