Да ја одбраниме Македонија!

Day 1,255, 04:59 Published in North Macedonia North Macedonia by MakedonecMKD




Значи кратко и јасно сакам да предложам нешто до владата: организирајте се убаво, приоритет пред се треба да ни бидат оригиналните територии на Македонија, а не Македонските региони на Апенинскиот полуостров.

Ако ги ставите Македонски региони на Апенинскиот Полуостров на прво место а да ги заборавите нашите оригинални региони, ова ќе биде следната слика:



Ова сценарио веќе еднаш Македонскиот народ го виде, но тогаш не бевме силни како сега. Сеуште не сме светска сила но барем можеме да ја одбраниме Македонија со сите сили, но со помош од сојузниците. Ако немаме организираност и приоритет не ни е Источна Македонија, Западна Македонија и Повардарие ќе настане тотален хаос.



Еве еден краток но јасен план до владата: договорете се со ОНЕ Македонија следниве неколку недели да биде на највисок приоритет додека состојбата на Балканот не се стабилизира и додека сеуште не се ојачаме. А сега им предлагам на владата и нашите сојузници со сите свои сили да ја бранат Македонија[/b]. Доколку ја одбраниме Источна Македонија веднаш да се постават повеќе одбранбени системи во тој регион. Со помош на ОНЕ можеме повторно офанзивно да тргнеме против Бугарија. Треба да се договори мир со Бугарија, само да имаме тренинг војна и да се фокусираме на Апенинскиот Полуостров и повторно целосно да го завземеме.

Се сложувам главниот град да го преместиме во Италија, но да не ги заборавиме Источна Македонија, Западна и Повардарие!

Доколку Бугарија не се согласи на мир со Македонија, повторно можеме да извојуваме сите заедно голема победа, но сега Македонија да стане ПРИОРИТЕТ на ОНЕ! Сега е времето кога ни треба помош од нашите сојузници и перфектност и без грешки направени одлуки на нашата влада. Сватете го ова озбилно, згреете го столчето и мозокот, и кроете стратегија. Јас ви дадов идеја, на вас е да одлучите, бидејки сепак народот го дал гласот за вас а вие треба да го оправдате.

Толку од мене.




Ваш,