Планот на еБугарите

Day 1,253, 07:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Zazovski

Како сте Македонци!

Како што можете да видите ова е моја прва статија, поттикната од нашиот напад над Бугарите и нивниот план за рушење на нашето владеење во Софија.

Вчера храбро тргнавме и без потешкотии ја освоивме Софија, со што се покажа нашата моќ, но и спремноста на нашите сојузници да помогнат, без кои не верувам дека ќе успеевме.

Така забрзани тргнавме во похот по Русе, но што се случи?! Малку по нападот на Русе, ебугарите дигнаа востание во Софија, со што делумно не спречија да притиснеме во Русе. Потоа следеше и востанието во Италија, целосно спречувајќи не да удриме јако на Русе. Исплашени ко луди удираме во Софија, оставајќи нападот на Русе да пропадне.
Откако ќе го одбранат Русе верувам дека со сиот потенцијал ќе удрад во Софија, а ние така "истрошени" тешко дека ќе се одбраниме. Во полза им е и нападот на Атика во Грција, кој ги спречува турците да ни помогнат.

Затоа мислам дека нападот на Русе е избрзана одлука, и треба да се внимава и да се размисли за секој следен потег.

Ова е само тероија, и некои мои размисливања за тоа како мислат еБугарите. Доколку мислите поинаку, споделете го тоа во коментарите.
Не дека ова ќе влијае незнам колку, но сепак да кажам што мислам.


Ако статијава не чини, сликиве чинат, затоа претплатeте се, гласајте и шаутирајте, ако сакате се разбира.

Шаут:
Планот на ебугарите
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1758543/1/20






Поздрав и се читаме во следната статија.