[ПРЕ] Македонија - Бугарија , Мирот со Италија и Ситуацијата со Македонија

Day 1,246, 09:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Добарден Македонија.

Време е да излезе вистината на виделина.

Од каде војна со бугарија ?
- Ваков чекор, после бришењето од мапата не планираше никој. Ние лично, си земаме веќе 10 дена 25% бонус од Железото во Пиринска Македонија.Видин беше заземен, затоа што Србија не сакаше ресурси од бугарија, се работеше за престиж да се избрише една ,,еден,, држава од мапата.

Но секогаш има некоја ,,виша,, сила која застанува на патот. Имено, Каптан Игор( го знаеме добро човекот, ајде да не го китам со епитети и хипербули, инаку признава само една власт ОеМ) БЕЗ НИКАКВА КОНСУЛТАЦИЈА СО МЕНЕ, понднесе закон за Природен Непријател.
Прво и основно, со кое право конгресмен поднесува еден таков важен закон на своја рака ?

Одкога забележав дека е поднесен ПН, веднаш влегов на Конгресменскиот Чат канал и им соопштив на таму присутните Ивфан и Трајче СС, да апелираат до конгресмените да НЕ ГЛАСААТ. Веднаш после тоа пуштив шаут. При моето враќање на Конгрес чатот, ми предложија да му пратам порака на атанас16 за да ги извести конгресмените да почекаат со гласањето, и го направив тоа. Додека чекав негов одговор, решив да напишам статија со цел да ги известам конгресмените од прва рака...Но пред да го направам тоа законот беше ЕКСПРЕСНО изгласан.

Значи, јас фактички и суштински добив наметната војна, наместо да се случи обратното. Оваа војна не беше во планот на ОНЕ, и дојде како гром од ведро небо како за мене, така и за нив. Имаше неколку негативни реакции, но откако ја објаснив политичката ситуација во Македонија, ме разбраа.

Е сега, кога видов дека ме поставија во измет до гуша, можев да направам 2 работи.
1. Да излезам кукавица, и да ја напуштам функцијата.
2. Да останам и да го ичистам сметот што го направиле другите.

Тоа е првата работа, па видите дали, и кој е крив.

Што се случи на военото поле?
- Ги слушавме 3 4 дена, како тролчињата од бугарија се маваа во градите дека биле 10 пати посилни од нас, ќе не згмечеле, ќе ова ќе она.
Прва работа, ако беа толку силни ЗОШТО ГИ СНЕМА ОД СВЕТСКАТА МАПА?

Друго, вчерашната војна.
- Мегакредиткартос и РОМ-ПЈЕР( Француски ром) ги искршија маусите вчера. Првиот батко(јаде бурек со отворен шлиц, за да не му се собираат муви на бурекот) во 2 битки направи по 1,1 м штета. Што како и зошто, не навлекувам, јасно му е на секој.
Јас, сеуште незнам дали се боревме против јунанистан и Хрватска или против бугарија. Хрватската армија, по обичај мава против Македонија со иста мера и сила како што мава и по Србија. јунанистанците по којзнае кој пат, не победија со индиректна битка( размислете добро за војна со нив, и какви ни се шансите за победа) а бугарите маваа ко анорексични цуци на бина. Да беше битката Македонија(соло) - Бугарија(соло) ќе завршеше ВАКА. И ги молам соседите од Истокот, да не се јачаат по коментари затоа што ме боли стомак од смеење коа ги читам. СЛАБИ СТЕ !!!
Инаку, битката за Пирин, ќе биде по-епик од битката за Русе.

Македонија доби многу голема помош од пријателите. Доколку почнам да ги именувам по ред, сигурно некого ќе испуштам. ФАЛА ВИ НА СИТЕ.

Мирот со Италија
- Договорот беше раскинат пред 3 дена. По ,,иживљањето,, на колинар, јас изреволтиран, разговарав со италијанскиот претседател. По кратки провокации и заканување од моја страна, решив да му побарам гаранција од 100 голд по регион. Но тоа не помина како што очекував, и кре-кре рече дека не планира да дава пари на окупаторска земја. Кулминацитата донесе раскин на договорот.
И, ете вчера не прогласија за ПН. Ние, заради грешката на Каптан Урош, неможеме да го направиме истото.

Македонија, има граници со 5 ЕДЕН земји. јунанистан, бугарија, хрватска, франција и италија.

Италија, е потполно не рентабилна.Единствен начин за да ја поврземе со главниот регион, е преку окупација на јунанистан.Ни требаат 3 региони, а ќе имаме бонуси од Италија толку долку колку што ќе бидат окупирани тие јунанистански региони. Но поради постапките на колинар, ќе бидат избришани.


. ПРИОРИТЕТ ЌЕ БИДЕ ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА.ОД ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА ЗЕМАМЕ 25 ПОСТО БОНУС, ОД ИТАЛИЈА 0 ПОСТО БОНУС.ОСТАЈ ТЕ ГИ НЕКА СЕ РАДУВААТ УШТЕ 2 3 ДЕНА, ПА ЌЕ ГИ КАЛАИСУВАМЕ ПОСЛЕ.