[ВОЈНА СО БУГАРИЈА] Анализа, предлози, сугестии!

Day 1,245, 01:45 Published in North Macedonia North Macedonia by MyNameIsMacedonia

Здраво Македонци,

Дојде и овој ден што го чекавме за повторна војна со Бугарија, овој пат очи во очи. Имаше некои багови во играта и поради тоа Русе неможеше да бидне нападнат поскоро.

По бугарските весници можеме да забележиме голем гнев и лутина за нашиот напад. Само не ми се верува какви дволицемерни идиоти се. Но како и да е, војната е тука, Русе е метата. Македонци, гордо влезете во вашите тенкови и стиснете што е можно повеќе на копчето Fight секако следете ги и официјалните наредби на Претседателот и на Владата (МзО).

Анализа на војната и противниците
Бидејќи војната само што почна а во моментов е првата битка, неможеме многу да ја анализираме сегашната, затоа ќе се вратиме на претходната.
Пред неколку месеци кога Македонија и Бугарија влегоа за прв пат во отворена војна по нашиот успех следуваше контра-напад на Бугарија при што Македонија беше целосно завземена. Но. потоа со помош на Србија, Македонија во рок од неколку дена успешно се ослободи. Во разговорите кога беше Струмјанин претседател беше склучен мировен договор и тој е испочитуван бидејќи Струмјанин не е веќе Претседател.
Можеме да кажеме дека таа војна и не беше баш успешна за нас.

Но, овој пат ние сме многу појаки. Имаме поголем број на дневни работници а приближен број на играчи што се борат секојдневно (Бугарија е во многу мала предност). Реално гледано, сеуште сме слаби за да се соочиме со Бугарија и притоа да можеме да ја поразиме како што ја освојувавме Италија. Но затоа се тука нашите сојузници. Можам да кажам дека ова е прв пат кога навистина ни треба помошта на сојузот ONE во една сериозна војна. Се надевам на помош од целиот сојуз. До сега, можам да забележам само по некој турски и унгариски војник како го даваат максимумот во нападот на Русе.

Русе мора да падне!?
Доколку не го одбраниме Русе денес, 99% Бугарија тргнува во напад на Софија за да ја ослободат. Веројатно нападот ќе бидне успешен. Со тоа остануваме во нашите оргинални територии (со исклучок на Италија) и имаме опасност од целосно завземање на оргиналните територии. Поради тоа, доколку денес го земеме Русе, утре ние пак ќе имаме можност за напад а со тоа ќе го одложиме бугарскиот напад. Да не заборавиме и на бонусот за производство од +25% ако земеме регион со жито за прв пат.

Предлози и сугестии
Народната Банка на Македонија можеме да кажеме дека е прилично задоволително полна. За таа цел (секако не целосно да ја испразниме) имам предлог до Претседателот да обврне внимание на цивилите. Би можело да се организира акција за донирање на оружје и леб кон цивилите кои не се припадници на армијата или на некоја паравоена единица. Би им се давало Q5 оружје и било каков леб. А тие истиот би требало да го искористат во битката со Русе/друга територија. За да добиете орујже и леб би можело да се постави услов да имате над 1500 Strength.

Исто така, имам предлог до Претседателот за што е можно почесто излегување во јавноста со информации. Може артиклите да биднат и реобјавувани со цел повеќе македонци да ги видат.

Време е за обединување
МАКЕДОНЦИ, Време е за обединување. Престанете да плукате по власта. Мислите дека Претседателот се чуствува многу добро во врска што не измами Италија?
Време е сите заедно да тргнеме во поход, во поход кон Бугарија, во поход кон Русе. Русе треба да падне, Русе мора да падне. Нека се случи тоа во оваа војна. Сите без разлика од која политичка партија се, ако имаат некакво познавање, ако имаат слободно време, нека пишат порака на Македонија до Индија дека нудат помош. Секаква помош во оваа војна ќе бидне добредојдена, особено со тоа што дека денес е работен ден (како и наредните 3 дена : ( ) па многумина сме на работа/школо.

За крај би ве замолил да гласате со цел што повеќе македонци да ја видат статијава (Vote) и секако да се претплатите со што директно помагате за развојот на еМакедонија (Subscribe), а доколку сакате можете и Shout.

HAIL MACEDONIA,
HAIL ONE!

Благодарам,
Ваш MyNameIsMacedonia