[Мин. за Екон. АНКЕТА] Како со новите ресурси

Day 1,240, 11:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija



[Мин. за Екон. АНКЕТА] Како со новите ресурси
http://tinyurl.com/6gfpgu6

Со оглед на тоа дека од понеделник започнува производството на новите ресурси, а набрзо и нивната употреба во произвоството на поквалитетно оружје и храна, пред Министерството за економија стои една дилема.
Бидејќи како институција сме задолжени меѓу другото да управуваме со државните резерви, а дел од нив и самите да ги произведуваме, новите измени, не ставаат пред нов, предизвик, како да произведуваме Q5 оружје и храна за потребите на државните резерви и војската.




Како што можете да видите од сликата, за секој поквалитетен производ, од почетокот на наредниот месец ќе имаме потреба од повеќе различни ресурси.
Со оглед на тоа што државните компании се направени врз основа на постојниот економски модул, државата практично останува без три од петте ресурси за производство на Q5 производи, а сите фабрики со кои располага се веќе надградени во петти левел.

Оттука, се создава дилемата, како да продолжи производството на најквалитетните производи.

Со оглед на тоа, што нема разлика во тоа дали ќе изедеш 5 Q1 или 1 Q5 лебови, ни во надополнувањето на здравјето, ниту во цената (сега за сега, а верувам и понатака) единствен проблем тука останува тоа што имаме Q5 фирми за леб.

Друг е проблемот со оружјето. Знаеме, дека поквалитетното оружје дава бонуси и прави повеќе штета. На пример еден тенк, прави повеќе штета од 5 пушки од прв левел. Ние имаме фабрики за тенкови, но немаме рудници за ресурси. Проблем е што веќе со државните организации не можеме да купуваме фирми, па од тука, не можеме сами да ги произведуваме тенковите.

Овде се наметнуваат неколку можни решенија, па затоа и оваа статија во која се бара мислење од Вас граѓаните, од чии даноци и се произведува оружјето.

Една можност е ресурсите да ги купуваме од маркет, што за државата ќе значи решение, но истовремено, државните фирми ќе бидат значаен импут во економијата, а тоа ќе значи, внесување на денари од страна на државата за да се купуваат ресурси, а тоа, од друга страна ќе значи, уште еден удар врз монетарниот пазар.

Друга можност е овие комании за ресурси да се отворат на акаунти на одредени граѓани. Овде се поставува проблемот, како да се одберат тие граѓани и кој ќе гарантира, дека кога ќе се смени власта, тие ќе сакаат да работат и со другата вадејчката гарнитура без да имаат било какво влијание.
Исто така, тие на чиј акаунт би биле отворени новите фирми, ќе треба секојдневно да добиваат пари од државата за производството, а од друга страна ќе им се отвори можност побрзо да се развиваат економски и да дигаат побрзо левел (бидејќи ќе можат и самите да работат во фирмата)

Со оглед на тоа што Министерството за економија цели кон транспарентна политика во која ќе ги имплементира сите квалитетени предлози, без разлика дали доаѓаат од обичен граѓанин, припадник на оваа или онаа партија, отвараме дискусија за изнаоѓање решение на овој проблем.
Секој коментар, ќе биде добредојден. Секој квалитетен предлог имплементиран

[Мин. за Екон. АНКЕТА] Како со новите ресурси
http://tinyurl.com/6gfpgu6

ПС. За крај, Министерството за економија апелира до сите да ги гласаат статиите на државните институции. Навистина е глупаво, во топ5 постојано да стојат статии кои немаат никаков информативен карактер. Статиите како оваа имаат цел да добијат мислење од што е можно повеќе грѓани и затоа, уште едаш апелираме, да ги гласате овие статии.



Со почит

Министерство за Економија на Република еМакедонија