ГРЦИЈА ИЛИ ФРАНЦИЈА

Day 1,239, 04:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Starfool

Дајте да се сконцентрираме на Грција, нека падне митот на нејзината сила. Знаеме дека силата им лежи во парите, ама и не се толку глупави за игра да трошат суми и суми на пари. Како да се победи, најважното прашање, која стратегија да се примени, и како да се заслаби..
Нападот врз Грција можеме да го средиме преку Епир, така што ќе ја заобиколиме нивната одбрана, и се шо имаат во Беломорска Македонија ќе им биди за џабе. Освојувајќи ги реоните без болници и одбрана, ќе доведат до расцепкување на Грција, и неупотребливост на одбранбениот систем. Поделена Грција ќе стане ранлива, па ќе мораат тие да нападнат, тоа ќе доведе до значителен пораст на нивните трошоци, а инвестициите за одбрана залудни.
Ќе изгубат и на луѓе, па и играчите во освоените реони, или ќе се селат, или ќе камиказираат, како и да е нема да можат да имаат ефективен напад.
Во втората фаза, Турција ќе се вклучи дали преку егејските острови, или Тракија, сеедно, автоматски на грците им се отвараат повеќе фронтови. Па сега и Плато ќе заработи нешто поголем џепарлак, ако грците го одврзат кесето, а ќе го одврзат.



Друга работа, кој ѓаол бараме во Франција?



Ако е да се помогне на Шпанија-ок, а по кои ресурси трчаме?



Крави?,

ај ви се молам дајте да одиме кај имаме интерес. Дајте пак да си го земиме Молисе со нафта, Лигурија, да се поврземе, а не само да бидеме предходница на сојузниците или пак крило за нов фронт. Ако ништо друго, емотивно да се исполни ме, и да одиме на Егејска Македонија, ама пак шо бараме во Франција, или пак во Видин, нели договорот беше да го земат србите... Што стана? Остајте го на србите, замете ги Молисе и Лигурија и манете на Грција, па да ве паметет дека сте направиле нешто.

[img]http://i136.photobucket.com/albums/q169/possiblelunatic/Text/exclam1.gif?t=1302607818[/img]