[ПРЕБРОЈАНИ ГЛАСОВИТЕ] [ ПРЕ ] РЕФЕРЕНДУМ, МИР СО ИТАЛИЈА ИЛИ НЕ ?

Day 1,238, 12:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Како што реков, така и направив. За секое поголемо прашање ќе има референдум.
Како што знаете ,,кинисавме,, накај Галите за да им помогнеме на нашите верни сојузници. Дали овој потег ќе ги расипе Македонско-Француските односи, ќе видиме после дипломатските разговори.

МИР СО ИТАЛИЈА.

Веќе 3 дена сум во константи преговори со Италијанскиот претседател. Тој најпрвично ми предложи, Македонија да отстапи 5 региона+Молисе, но веднаш го одбив. Дојдовме до конечниот ,,договор,, 2 региона + Молисе.
Целта е едноставна. Италијанците не смејат да дигаат востанија во Македонските региони, доколку го направат тоа следува повторно бришење. Доколку некој ,,рандом,, човек дигне востание Италијанската армија несмее да се бори против Македонија, во случај да забележам макар 1 што ќе се бори против нас, договорот отпаѓа и Италија повторно ќе ја снема. И исто така, нема да смејат да потпишат МПП со нашиот јужен сосед.

За регионите нема да добиваме парична надокнада, туку МИР.
Да не се заморуваме и да не трошиме џабе време на востание кои многу лесно ќе ги задушиме, едноставно нашите мисли и штетата која можеме да ја направиме да ја насочиме кон други битки.
Доколку предлогот помине позитивно, ќе го зголемиме бројот на пријатели со уште една земја.

Па Македонци ајде да гласаме за овој предлог. Како ќе изласеме така ќе биде.

Во коментарите одговарате со :

1. ДА - 364
2. НЕ - 157


Исто така, целата владина гарнитура на Италија ќе не нарекува МАКЕДОНИЈА.

Овој потег е многу добар тактички и дипломатски. Неможам сега вака јавно да кажам многу, само ќе ви кажам дека е малце Хитлерска политика(кој ме разбира нека не коментира).

Значи, нема повеќе да не заморуваат со безцелни востанија, и сите Италијанци во нас ќе гледаат како спасители.





Македонија До Индија, ама преку Сицилија !