[ ПРЕ ] Обраќање, владини измени и планови.

Day 1,237, 08:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Драги Македонци, добар ден.

Плукање, критики и притисоци врз мене. Ова го предвидов во кандидатурата, и поради тоа не реагирам на провокациите, туку напротив провоцирам за да видам до каде може да одат во одредени ситуации одредени персони. Но тоа не ме засега, јас и мојот тим си ја работиме работата.

Сега да им се обратам на граѓаните. Јас сум човек од народот, одговарам на пораки, разговарам на чат и секогаш сум тука за ваша критика. Верувајте ми, мене ми е подобро да ме критикувате, така ќе знам каде грешам и ќе се корегирам. Лавина од реакции видов за тоа што Да Живее Македонија е премиер. Бил ставен како компензација за тоа што неговата партија ме подржала, незнам што незнам како. Прво, колкумина од вас го познаваат Да Живее Македонија ?Колкумина од вас разговарале со него на чат ? Човекот е интелегентен, има идеи има предлози, но има и НЕГАТИВЕН ПУБЛИЦИТЕТ. Разговарав со него, и реши да си поднесе оставка. Мене ми е жал, затоа што е жртва на машинеријата на Папата, но народот пред и се.На неговото место, по долго размислување доаѓа Карликс.Него го назначувам, затоа што е објективен, зрел, возрасен и исто така иновативен. Неговата последна статија само ми ги потврди мислењата дека е ,,печен,, за Премиерското место. Исто така да кажам, дека ова не е подлегнување на притисок, или таков филм, јас едноставно само го слушам гласот на народот.

Сега околу Министерството за Одбрана. Радо и Рексач, беа 2ри на листата на ,,тако званите плукачи,,. Прво за Радо. Човекот, не го направил тоа што му се наметнува од Папата и монасите. Народот си знае кој ги продаде резервите и тоа е универзална вистина. Еве за прв пат јавно ќе кажам, дека Модовите се изгубија во првата битка за Софија. Првото што им го кажав, беше ако не ја одбранат Македонија и ако не ја освојат Софија, ќе бидат сменети. Кажав дека нема да толерирам грешки. Но ја сватив нивната ситуација. Рексач е стар играч. Ова му е втор профил, и ги разбира работите. Лавчан со полн капацитет работи и се труди, и знае дека секогаш го фалам кога ме фасцинира, а ме фасцинира секој ден се повеќе и повеќе.Палавко е исто добар.
Јавно кажувам дека и на Македонер му понудив МоД, тој ме одби поради РЛ обврски.Демигод беше исто прашан, и тој одби.
Јас верувам во Министрите за Одбрана. Ве замолив за време, и еве, Македонија со одбрани, ја освоивме Софија еве го и Видин паѓа. Значи, мене ми е јасно дека се анонимци во вашите очи, но имаат што да покажат верувајте. Сработивме заедно со нив, реформи за во АРМ, и најверојатно од утре ќе почнеме да ги инплементираме.
Рефундот си тече одлично, едноставно министрите си ја вршат добро својата работата.

Надворешната Политика.
Планот за Амбасадори стои. Во најблиска иднина ќе објавиме јавен конкурс за Амбасадори, со што ќе ги зајјакнеме односите со нашите сојузници. Како што видовте потпишавме МПП со Мексико, различна временска зона сме што е супер.HAIL MEXICO.
Во преговори сум со Словачка, и очекувам во најбрз период да потпишеме МПП.
Тоа што го ветив се остварува, лека полека.
Со ОНЕ членките сме во постојан контакт и координација.
Тука ќе назначам уште еден министер, се двоумам помеѓу 2ца од ОеМ.

Министерството За Економија.
Најзадоволен сум од овие момци. Секојдневно се на својот чат канал, дебатираат,разговараат,полемизираат се со цел за подобрување на Економијата.Сите се добри и стручни економисти, и верувајте, ова Министерство ќе биде супер-одлично.Еве ја користам оваа прилика да ги поздравам ,,-Сарметина,Партибрејкер,Никич и Вмк,,.

Верувајте ми дека се следам, од весник до коментар.
Побарав време, еве што добивте за возврат. Полека но сигурно јас и мојот тим покажуваме колку ни се капацитетите.

И за крај уште една работа. Читам дека ме немало никаде, дека ме снемало итн итн. Сакате да ме има по секој весник во коментарите ? Да исправам криви дрини ? Ве молам, јас сум тука и се следам како што ви напоменав, само што несакам да навлегувам во безцелни дебатирања.


Македонци, само сложно, да ја позелениме мапата колку можеме повеќе.

Македонија До Индија, ама преку Сицилија !!!