[Министерство за економија] Анализа

Day 1,236, 02:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija


Ве молам претплатете се на весникот на Министерството за економија и гласајте ги неговите статии


ВЕ МОЛАМ ШАУТ

[Министерство за економија] Анализа
http://tinyurl.com/3tcnj2a
~~shout~~

Министерството за еконмија по кратка консолидација и превземање на работите во свои раце излегува со соопштение за јавноста.

еМакедонската економија нема прболеми со ликвидноста, денарот во спроедба со валутите на другите земји може слободно да се каже дека се држи најдборо, а цените на производите во нашата земја се далеку повисоки од оние земји во нашето опкружување.

Еве како изгледа тоа сликовито



На овој графикон можете да видите како изгледа соодносот на цените на лебот и цените на златото во еМакедонија како и пресметка, колку чини странскиот леб, пресметан во еМкаедонски денари.
Како што можете да видите, цената на лебот е во обратнопропорционален однос со цената на златото. Колку е поскапо златото, толку е поефтин лебот. еМакедонија го има најефтиното злато (со исклучок на Србија) а го има најскапиот леб во целиот регион.

Тоа лесно што може да се забележи од графиконот, каде сите цени на лебот се претворени во денари. На пример, цената на лебот во еМакедонија е за околу 40% поскапа во однос на онаа од еФранција.
Ваквата ситуација на пазарот, отвара можност за купување на производи од странство и нивно продавање на пзарот во еМакедонија.
На тој начин, се извлекува златото од нашиот монетарен пазар и се префрла во странство, а денарот дополнително девалвира.
Еве како изгледаше монетарниот пазар вчера, кога ја правевме економската анализа (21h)



Од графиконот лесно се забележува дека имаме еден од најдобрите курсеви во регионот. Министерството за економија исто така сака да ја информира јавноста дека од превземањето на власта, па до овој момент, нема никакви интервенции на девизниот пазар, односно, не е внесено ниту злато ниту денари од институциите на еДржавата. Тоа значи, дека девалвација на денарот се прави автоматски, од страна на админите, без простор за наша реакција.
Од друга страна, (како што можете и сами да видите) еМакедонија има многу мали резерви на голд, што значи дека има прилично врзани раце во борбата на пазарот на девизи.
Како и да е, Министерството за економија ги разгледува сите можни варијанти, и по деталните анализи ќе излезе со предлог до Конгресот.
Да Ве известиме дека новиот тим на Министерството за економија воведува свој метод и систем на работа. Имено, пред предлагањето на секој закон, Министерството, предводено од Претседателот ќе ги свикува на состанок сите групи врз кои ќе се одразуваат ефектите од законските измени. Од сите ќе се бара совет, сугестија, предлог, ќе се слушаат нивните проблеми.
Вчера беше направен состанок со сите команданти на паравоените единици кој помина во конструктивна атмосфера со размена на мислења, кои можеби ќе резултираат со предлог-закони кои ќе ви бидат навреме соопштени.
Затоа, предлагам, сите групи граѓани (пекари, житари, производители на оружје, на железо...) да формираат свои здруженија и да си изберат претставници за да може комуникацијата на релација со Министерството да се одвива непречено и од неа да излегуваат предлог-закони кои ќе го подобрат економскиот амбиент во еМакедонија.
Пред крај, сакаме да го известиме Конгресот дека во текот на овој ден, ќе добијат детален извештај за состојбата во министерството, за залихите, фирмите, вработените.
Кога сме кај државните фирми, апелираме до сите кои се вработени во нив, да работата ИСКЛУЧИВО СО 100 ЗДРАВЈЕ.

На сите еМакедонски граѓани им се извинуваме затоа што извештајов излегува денеска, а не порано и бараме разбирање поради тоа што економијата е комплицирана работа, а потезите кои ќе ги влечеме бараат повеќе време за анализа. Како и да е, економскиот тим работи неуморно на скенирање на еМакедонската економија и најверојатно до крајот на овој или почетокот на утрешниот ден, ќе излеземе и со првите предлози до конгресот.
Во меѓувреме, сите граѓани слободно нека даваат свои предлози...

Ви благодарам....

Со почит
Министерство за економија


Ве молам претплатете се на весникот на Министерството за економија и гласајте ги неговите статии




ВЕ МОЛАМ ШАУТ

[Министерство за економија] Анализа
http://tinyurl.com/3tcnj2a
~~shout~~