Не се борете во Западна Србија !!! (Востанието не е кренато од Србите)

Day 1,233, 06:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokaliptic
EDIT: Не се борете во востанието на страна на Србија, ако веќе се борите борете се на страна на Македонија (ова не се наредби на МЗО).

Моментално е подигнато востание во регионот Western Serbia , кој како што верувам сите знаете е оригинален Српски регион кој беше изнајмен од страна на Македонија.

Но тука стои прашањето дали и кој има добивка од тоа што Србија ќе си го земе назад регионот, јас лично не гледам добивка ни за нас ни за Србите.

Еве во оваа статија ке го разгледам мојот поглед на придобивките и од ЗАДРЖУВАЊЕТО на овој регион од страна на Македонија.

EDIT: Регионот нема да го плаќаме туку ќе и дадеме на Србија регион(и) во Италија во замена за тој. Нема зошто да го плаќаме кога задржувањето на тој регион е во заедничка корист.


Придобивки за Србија

Доколку во иднина (иако се сомневам дека ќе биде тоа кога било во блиска иднина 😃) Хрватите успеат да преземат иницијатива врз војната против Србите (таа војна не е активна моментално од проста причина што Хрватска не постои 😃), ние би добиле регион кој ќе се граничи со Хрватска и ќе можеме да им објавиме војна и да запреме какво било нивно напредување.


Придобивки за Црна Гора

Доколку пак бидат нападнати во иднина ние ќе имаме граница со нив и ќе можеме да ги одбраниме исто како што направивме кога беа нападнати од Италија.
Не треба никако да се замерува фактот дека еМакедонија значајно ја зголемува својата сила со голема брзина и секако ќе бидеме во состојба да одбраниме наш сојузник, дури и од државите кои се сега посилни од нас.


Придобивки за Македонија

Доколку по некое чудо 😉, успееме да си ги изгубиме оригиналните региони исто како и тие во Италија, сепак ќе имаме регион внатре во србија до кој ќе биде дефинитивно тешко да се дојде од страна на нашите непријатели.



Е сега повеќето од вас досега си рекле:
„Па противниците ќе ни кренат едно востание во Западна Србија, и лесно ќе го изгубиме регионот, пак нема да можеме направиме ништо од ова„.
Е тоа и не е баш вистина, успешното ослободување на тој Српски регион од нас има и тоа како многу да ги кошта наштие противници.

Само размислете, во тоа востание по дифолт ќе можат да се борат само Македонци и Срби, секој друг кој ќе сака да се бори бо востанието ќе треба да се пресели или во Македонија или во Србија.

Тоа не само што ќе им потроши доста пари на билети и време на организација, туку исто така и ќе им отцепи ударна сила од нивните и војните на нивните сојузници (додека се кај нас или кај Србите можат да удрат само за нашите сојузници, не за нивните).

Освен тоа, таквата непријателска ударна сила ќе треба да биде огромна бидејќи во исто време ќе се соочи со ударната сила на Македонија и на Србија.


Затоа апелирам до властите до двете држави да се договорат и тој регион да и биде оставен на Македонија.

Исто така апелирам до оние кои ќе ја прочитаат статијава да ја гласаат за да биде видена од страна на надлежните.

Кој сака да шаутира:

Востанието во Западна Србија
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1737455/1/20