МИНИ-СПОРОТ СО СРБИЈА?

Day 1,231, 14:25 Published in North Macedonia North Macedonia by MyNameIsMacedonia


Здраво МАКЕДОНЦИ,

Во ова издание сакам да кажам неколку зборови во врска со мини-спорот што излезе деновиве со Србија...

Најпрвин, Србија излезе со официјално извинување до Македонија. Без разлика дали грешката била намерна или ненамерна. Важно ни се извинија. Плус, претседателот на Србија живее во Америка (како што сум запознаен) така да до некаде и не е многу запознаен со Македонско-Грчкиот спор, но тоа секако не треба и не смее да биде изговор. Како што нив би ги навредило тоа нашиот претседател кога би постоела да напише "Hail eKosovo".

Јас сум еден од постарите играчи, играв еРепублика од Мај 2009 година, но престанав одреден период па се вратив со нов акаунт. Го знам значењето на Србите за мене, за македонците и за создавање на Македонија. Токму Србија вклучувајќи ја и Турција како и Индонезија беа државите кои нам ни помагаа најмногу. Но ниту едно нешто не е вредно како нашето достоинство.

И на двете страни се појавија идиоти кои веднаш мислеа толку од пријателството, толку од братството кое го градевме толку долг период, но морам да ве разочарам - ништо од тоа. Република Македонија и Република Србија остануваат како најголеми сојузници. Како доказ на ова набргу очекувам заедничка воена интервенција, во која можете повеќе да прочитате во мојот следен артикл (2 дена по претседателските избори). До тогаш, биднете ми поздравени.



HAIL REPUBLIC OF MACEDONIA,
HAIL REPUBLIC OF SERBIA,
HAIL ONE!

Поздрав,
Ваш MyNameIsMacedonia