[КОНГРЕС]Известување за новите даноци!

Day 1,231, 04:32 Published in North Macedonia North Macedonia by filozof123


Ова известување го пишувам од мојот весник во името на целиот конгрес!
Законите сеуште не се изгласани, а луѓето почнаа да плукаат!
Македонија западна во голема економска криза па затоа неопходно е нешто да се преземе!
Цената на златото достигна дури 139 МКД за еден златник!
Проблемот е во тоа што во Македонија има премногу луѓе кои купуваат од странство и продаваат кај нас!
Тие одат во странство и таму го оставаат златото и со тоа се повеќе се намалува бројот на златото во Македонија!
Моментално има недостиг од злато и затоа цената е толку висока!
Еве ги новите даноци кои ќе бидат изгласани!
За храна оружје и билети!
ВАТ или ДДВ на македонски 15%
Import Tax (данок за увоз) 50%
Income Tax (данок за плата) 5%
Целата работа е во ДДВ то!
Порано кога прекупците ќе купеа некој производ имаа добра заработка бидејќи ДДВ то беше 5% и плаќаат многу малце!
Ако производот е 10мкд тие порано плаќаа 5% или 0,5МКД, а сега ќе плаќаат 15% или 1,5МКД!
Со ова повеќе нема да имаат никаква заработка од препродавање и со конечно ќе престанат со ова!
Сега да кажеме за производителите!
Сигурно се прашувате како ова ќе влијае на производителите?Сигурно мислите дека и тие ќе плаќаат поголемо ДДВ и со тоа ќе одат во загуба!
Но освен ДДВ производителите плаќаат и данок за плата!
Според новиот закон данокот за плата ќе биде само 5%.
Со ова се очекува да се намалат платите и со тоа производителите ќе бидат пак на исто како порано бидејќи ќе даваат помали плати,а ќе плаќаат поголемо ДДВ!
Целта на ова е да се врати цената на златото во нормала!


Конгрес на еМакедонија