Лажна тревога за природен непријател [Конгрес]

Day 1,230, 05:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Dragje



Лажна тревога за природен непријател [Конгресмен]


Прогласувањето на Природен Непријател (во случајов Грција) е непромислен потег од страна на joveMAKED0NIA.

Да не дојде до заблуди, еве ги причините:

1. Сите важни одлуки во врска со еМакедонија излегуваат заеднички со консултација со другите конгресмени, што дотичниот погоре не го направи.

2. Вакви важни одлуки за Природен Непријател најчесто излегуваат од страна на Претседателот на државата, а не од сопствена рака на некој конгресмен.

3. Ова е важна одлука, па затоа и многу се дискутира на оваа тема. Доколку дојде до ваква одлука (или слична на оваа), ќе бидете информирани со официјален артикл од страна на конгресот/претседателот.

Затоа смирете ги страстите и прекинете со спамови за тоа колку сме ретардирани што гласаме НЕ. Вакви одлуки неможат да бидат донесени од еден конгресмен.

Заменик Претседател на Конгрес,
Dragje