Доста војуваавме да се насмееме

Day 1,229, 02:14 Published in North Macedonia North Macedonia by ThoraXXX

Деца
Во парк се гали и мази заљубен пар. Девојката му вика на дечкото:
- Мили, кога ќе се венчаме ќе имаме 3 деца.
- А како знаеш тоа?
- Па, знаеш, сега се кај мајка ми.

Развод
Трпе побарал развод со Трпана. Оди Трпе кај судијата и му вели:
-Судијо сакам да се разведам од Трпана, не можам да ја поднесам, сегде шета со мини суќна.
Оди Трпана и судијата и кажува што рекол Трпе и му вели:
- Тој не може да ме поднесе со мини суќна, а јас како го трпев него со мини кур

Дедо
Две плавуши разгледуваат фотографии:
- Ова е дедо ми на 11 години.
- Ха! Не знаев дека човек може да стане дедо на 11 години.

А1 во живо

Седеле двајца министри во владата и тогаш едниот му вика на другиот:
- Што си се замислил, кај си се загледал низ прозорец?
А другиот му одговара:
- Еве гледам А1 во живо.

Разговараат двајца пријатели на телефон и едниот му вели на другиот:
- Јас ни пцујам,ни пушам,ниту пак пијам.
- Е тоа е убаво.
- Пу да ти е**м, ми падна цигарaта во пивото!

Езеро

Како се вика најголемото езеро во Јапонија?
- Цу на ми.

Кога се берат јаболки

Наставничката го прашува Трпе:
- Трпе кога се берат јаболките?
- Кога комшијата не е дома, наставничке!

Продавница

Цветко оди во продавница и и вика на продавачката:
- Тетке дај ми две Амди Бајрам од 0,5 литри и едно пепси.