Новиот воен модул

Day 1,228, 14:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Jovan74


Како што знаете денеска е пуштен новиот воен модул на eRep. Има неколку мали промени, но во главно е сличен на стариот.


Десен клик + View image за да ја видите сликата во целосна големина.

1. Државата и алијансите за кои се борите.
2. Државата и алијансите против кои се борите.
3. Добиените битки на вашата држава. Треба да се добијат 8 битки за да се освои регионот.
4. Добиените битки на противникот.
5. Регионот за кој се води борбата.
6. Одбројувач на битката. Секоја битка трае 2 часа.
7. Од левата страна се наоѓаат играчите кои се бореле за вашата држава, а од десно за противникот. Под секој играч пишува колку influence направил.
8. Херојот на битката од вашата држава. Тој направил најмонгу influence и на крајот од битката добива медала Battle Hero.
9. Херојот на битката од противничката држава.
10. Вашата енерија.
11. Енергијата на играчот со кој треба да се борите.
12. Вашето оружје.
13. Оружјето на противникот со кој треба да се борите.
14. Вкупното ваше influence кое сте го направиле во таа битка.
15. Вашиот воен ранк (Military rank). Со секое убиство вашиот ранк се покачува, а колку е поголем толку повеќе influence правите.
16. Копче кое служи за да конзумирате храна од storage (доколку имате), или пак да купите Health Kit за 0,5 злато кој дава +10 здравје.
17. Копчето FIGHT со кое се борите. Со секое притискање на копчето ви се одзема -10 здравје, но добивате +воен ранк поени, +искуствени поен и +influence.
18. Погледни ги најјаките борачи според направеното influence.
19. Поените на вашата држава. За да ја добиете битката треба да направите над 1800 поени. Поените се добиваат со задржување на ѕидот над 50% за вашата држава.
20. Поените на противничката држава.
21. Бар (попознат како ѕид) кој покажува која држава е во водство.

Тоа е се за новиот воен модул и VOTE + SUBSCRIBE, и ако сакате SHOUT:
Новиот воен модул: http://www.erepublik.com/en/article/-1-1731766/1/20