Претпоследно Претседателско слово

Day 1,227, 09:48 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Почитувани еМакедонци!



На крајот на мојот втор претседателски мандат сакам да ја објавам дека дефинитивно нема да се кандидирам за Априлските избори. Минатиот пат бев предомислен од силната подршка која ја добив и за што сум многу благодарен. Меѓутоа, овојпат имам сериозни обврски и нема да можам да се нафатам на оваа 24 часовна работа. Затоа повикувам и охрабрувам да се подготват нови кандидати.


Оваа не е мојата проштална статија како Претседател. Ќе имам и таква, и ќе има и извештај за вториот месец од моето работење. Сега Ви се обраќам соочен со дилемата за војување : кој пат да го фатиме ...?


Ова не е едноставно прашање. Јас не смеам да ја втурнам еМакедонија во војна и за 4 дена (педерски или не) да си заминам од функцијава, а наредниот Претседател да си ја чука главата од тастатура.


Сега сме на раскрсница:

- Ширење на Запад
- Војна со Бугарија
- Војна со Грција
- Нешто сосем друго...?

Во референдумот добив јасна порака да се избрише Италија.


Истовремено, сериозни играчи предложија да се нападне Грција а имаше истотака сериозен предлог за војна во Европа.
Ова се големи одлуки. Јас не можам на неколку дена пред крај на мандат да донесам одлука, а други да сносат последици. Нека си предложат кандидатите за Претседател што планираат, ра народот нека си избере.


Јас ќе го довршам тоа што го започнав – војната во Италија.



За да не ја оставиме Турција на цедило, сите наши единици ќе бидат насочени на нивните битки ! Сепак, ние кон Турција сме се докажале како пријатели повеќе од еднаш и оваа помош истотака ја даваме безрезервно!


Ај мавнете по еден шаут за мерак за Стариот ! 😉


Поздрав!
o7


Струмјанин The Old Man