Виц на денот - Психијатриска Болница

Day 1,225, 01:38 Published in North Macedonia North Macedonia by DimoTopal

За време на посета на психијатриска болница, новинар го прашува директорот на болницата врз основа на што одлучуваат кого ќе примат во болница на лечење...


- Многу едноставно, ќе го ставиме пред када наполнета со вода, ќе му дадеме лажица, чаша и кофа, па ќе му кажеме да ја испразни водата на најбрзиот начин.

- Аха, разбирам... - одговара новинарот. Значи, оној што е нормален ќе почне да вади вода со кофата?

- Не, тој што е нормален ќе ја извади затката од дното на кадата. Сакате соба со балкон или без?

😃

v+s 🙂