[ВМРО-ВЕП] Избори

Day 1,221, 05:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Wolf Leader

Со оглед на целата политичка состојба, ние како партија се обединивме и започнавме со градење на нова еМакедонија според национални принципи. Како тим од сите полиња во оваа игра подготвивме достојна програма пред конгресменските избори според која нашите идни конгресмени ќе се работат. Пред конгресменските избори испраќам апел до сите симпатизери на оваа партија да се зачленат и да им покажеме колку сме, кој сме и колку можеме. Од изборот на новиот претседател на оваа партија ВМРО-ВЕП се издигна од пепелта и одлучи да се бори, знаеме и веруваме дека оваа војна конечно ќе ја добиеме, затоа ве повикуваме сите заеднички да го најдеме излезот од тунелот во кој со месеци се наоѓаме.

Затоа Приклучете се кон најпатриотската партија во еМакедонија Внатрешната Македонска Револуционерна Организација - ВАРДАР - ЕГЕЈ - ПИРИН.




За време на утрешниот ден ги повикуваме сите членови и симпатизери да не гласаат на своја рака туку да дојдат на официјалниот канал на Изборниот штаб каде гласовите ќе се распределуваат со цел поголема координираност и поголем успех на изборите.



Чет канал на партијата – #Solun




Чет канал на изборниот штаб – #IzborenStab