Ситуацијата со економијата

Day 1,220, 19:21 Published in North Macedonia North Macedonia by a.nenad

Иако сум релативно нов играч на еРепублик, сепак, забележав дека економијата овде не ни оди баш најдобро.
ЕРепублик се труди да симулира реална економија, нешто што поголем дел од луѓето не сфаќаат или делумно сфаќаат како навистина функционира. Па истото нешто се случува и овде.
Нешто што беше многу забележително во последните денови е наглиот пад на цените на производите, предизвикан од вишоците на пазарот(како и во секоја реална економија), што пак доведе до пад на платите, отпуштање на работници и нерентабилни компании.
Но сепак, на ваквите случувања, ние граѓаните, а и раководството на државата не треба да остане индиферентно.
Ситуацијата со вишокот на производи на нашиот пазар може да се резреши со извоз на истите продукти... но сегашната цена на златото во однос на денарот не го дозволува тоа.
Многумина би се запрашале, како златото влијае на цените на продуктите...?
Но влијае. Златото овде претставува еден вид на светска валута, конвертибилна во секоја држава, преку која оди најголемиот дел од интернационалната трговија.
Имено, со вака ниска цена на златото во однос на другите држави, извозот на продукти е неисплатлив. Така, доколку цената на златото (во однос на денарот) биде повисока, можно ќе биде ваков начин на изведување на извоз:
1. Купуваме продукти (жито, нафта, железо) што ги имаме вишок и евтини кај нас.
2. ги продаваме во друга држава, земаме странски валути.
3. Додека сме во таа држава, купуваме злато со странските валути (доколку таму златото е поефтино од кај нас, што сега не е!)
4. Златото го продаваме кај нас (доколку би било поскапо отколку во тие држави), и земаме повеќе пари отколку кога тие производи би ги продале кај нас, со еден збор, ПРОФИТ!

Според тоа, мислам дека сега е јасно зошто нам би ни одговарало висока цена на златото и како тоа би ни помогнало да се справиме со вишоците кои ја цедат нашата економија.
Но, како до повисока цена на златото?
Преку народната банка!
Имено, во реалниот свет, народна банка на секоја држава не е „банка“ каде државата штеди пари, туку банка која управува со стабилноста на економијата, преку диктирање на девизниот курс и каматните стапки.
Нашата народна банка не знам што прави во моментот, но предлагам што да прави.
Таа би требало да го откупи (и да продолжи да го откупува) сето злато кое е моментално на пазарот со цена под 150 денари и кое подоцна би се јавувало поради извозот на наши продукти. Со тоа, таа би ја одржувала генералната стабилност на економијата, додека сите граѓани кои се во можност, би извезувале наши продукти во странство, со што сите би ја спасиле економијата од нерентабилни компании и невработеност.
Сепак, на почеток, наглиот раст на цената на златото би бил лош за голем број на граѓани, но тоа е чекор кој мора да се преземе, а благодетите од тој чекор сите подоцна би ги почуствувале.
Без разлика како би бил сфатен, јас сакам да допринесам за подобра еМакедонија.
Hail Macedonia!