МакедонецМКД за конгресмен!

Day 1,220, 12:10 Published in North Macedonia North Macedonia by MakedonecMKD




Поздрав Македонијо. Еве ја мојата нова кандидатура за конгресмен. Значи сите знаете дека секој неможе да биде конгресмен. За конгресмен мора секојдневно да си активен на чет, да предложуваш разумни закони и во секој момент да си овде за гласање на некој важен закон.





Тоа сите го знаете, сега да се префрлам на мојата кандидатура за конгресмен. Значи сите моментално сме во економска криза, така да треба добри закони да се изгласаат за да се стабилизира. Сите ги криват администраторите дека тие ја уништија играта со промена на економскиот модул, но тогаш ќе ви го поставам прашањето: како другите играчи на еРепублик во поразвиените држави не се жалат на промените? Има секогаш песимисти и оптимисти. Да не дозволиме тие да ја водат државата, туку да превземеме нешто околу тоа. Ние треба точно да знаеме што да направиме однапред затоа што тој резултат ќе се одрази.



Јас сум кандидат за конгресмен од МНФ. Официјално сум поддржан од претседателот на партијата - Македонија до Индија. Нема да почнам сега да ја фалам партијата, туку резултатите се овде. На вас е да изберете за кого ќе гласате. Се надевам дека ќе го направите вистинскиот избор. Прв сум на листата во Западна Македонија. Досега бев конгресмен, се заблагодарувам на сите кои го доверија гласот на мене, јас мислам дека го оправдав со тоа што државјанства делев на Македонци и на странци (со консултации). Досега имав предложено само 1 закон, но другиот го чувам, можеби вечер ќе предложам, можеби не. Само знам дека тоа ќе го направам со претходна консултација со сите конгресмени.



Мојата цел е да предлагам нови закони кои ќе бидат прифатени од целото еМакедонско општество. Во врска со моето политичко минато можам да кажам дека имам искуство година и пол играње, постојана активност..... Мојата цел е подобрување на економската состојба во Македонија со предложување на издржани закони - во врска со состојбата на житото, лебот, и оружјето.

Сакам да придонесам за појака економија, послина војска со донесување на закони кои ќе бидат од исклучителна важност за Македонија. Пред да ги донесам тие закони, секако ќе се консултирам со партијата и со членовите и дали тие ќе го одобрат тој мој акт.
За Македонија да биде посилна можете Вие да помогнете така што ќе гласате за мене на 25ти!



Секако доколку не се наоѓате во Западна Македонија пишете во коментари доколку би гласале за мене и веднаш ќе ви биде испратена карта од најслаб квалитет и леб за потрошената сила.




Ваш,