Нешто за Македонија

Day 1,219, 16:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Драги еМакедонци ова е мојата прва статија во мојов весник, но сепак не сум многу нов играч и имам некакво искуство. Ова ми е нов акаунт а претходниот мој акаунт ми беше украден и сега го користам овој акаунт. Значи толку како вовед сега да дискутираме за некои работи кои се случуваат во еМакедонија.

Воен дел
Значи на воено поле можам слободно да му честитам на Струмјанин и на останатите играчи кои ја водат еМакедонија поради тоа што направија неколку добри потези после кои стигнавме во можност да освоиме некои територии затоа што го заслужуваме тоа бидејќи можам слободно да кажам дека ниту една друга земја не се издигнала толку високо како ние за толку кратко време па и сега сме во можност да ја освоиме цела Италија која што има голема територија после која ќе бидеме во можност да ја поврземе доколку се додаде и Албанија и со тоа да ни функционира бонусот на ресурсите затоа што со новиве измени за да работат новите ресурси регионите мора да бидат поврзани.

Економија
Е сега овој дел не е добар, но да напоменам тоа не е поради лошото владеење на владата туку поради глупите измени на админите кои ја искомпликуваа работата на владите не само на Македонија туку и на целиот еСвет. Значи страдаме од хиперпродукција сите што имаме фирми. Јас имам фирма за жито ама 2 дена немам продадено, но тоа е што е и мораме некако да се адаптираме но тоа што цените се толку ниски никако не помага, па замислете цената на житото имаше достигнато и на 0.02 мкд што стварно неможам да разберам кој имаше ќар од тоа и сепак тоа е нешто кое што самите мора да го средиме и сложно да се договориме за една заедничка цена која би требало да биде најниска.

Сега ќе додадам и нешто и за оние кои се борат против наредбата на претседателот! Зошто мора да трчате по тој БХ медал? Вежбајте и работите секој ден и ќе дојде време кога ке можете да го земете тој медал. Значи се во свое време!!

Епа за мој прв артикал мислам дека доволно кажав па во наредни статии повеќе ќе се фокусирам на некои работи. Значи останете ми со здравје до тогаш и дајбоже до тогаш да ја имаме цела ИТАЛИЈА!!!