Кандидат за конгрес [ОеМ]

Day 1,219, 01:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Dragje



Гласајте за Dragje во Повардарие. [ОеМ]

После близу 2 години игра, поточно од ден 525, уште кога Македонија не беше додадена на играва, решив да се кандидирам за конгресмен преку Обединета еМакедонија. Моето место е во Повардарие.

Не верувам да не сум познат на некој, поготово не на Старата гарда, но за тие што не ме знаат во кратки црти еве го мојот интернет живот:
-играч на еРепублик од ден 525, успешно водам YouTube канал, модератор на Кајгана форумот. Почитувањето на правила во виртуелниот живот го правам исто како што го правам тоа со правилата во вистинскиот живот. Немам што многу да додадам овде.

Причина поради која сметам дека треба да гласате за мене е искуството во играта, активноста, квалитетните статии како и проценката за тоа што е добро за еМакедонија. Мислам дека имам повеќе од доволно искуство да знам како одат работите во една еДржава, падови, успеси, освојување региони, ослободување региони, склучување сојузи и се друго што е потребно за една еДржава да поседува.

Од економски и воен план, верувам дека економијата ќе се стабилизира. Сепак тоа не е заслуга на една мала група или еден поединец, туку на сите жители на оваа еДржава. До сега се појавија многу добри предлози за справување со оваа "економска криза", како и со подобрување на квалитетот на нашата војска. Ќе се трудам сите тие предлози да излезат на дневен ред во конгресот. Сметам дека секој жител треба да има барем трошка допринос во развивањето на еМакедонија.

Горе-доле, толку од мене. Ваше е да гласате на утрешните конгресменски избори. Доколку сакате јас да влезам во конгресот гласајте за мене. Доколку ви се допадна оваа презентација гласајте за мене, доколку не, има уште многу други кандидати кои го чекаат вашиот глас. Фер плеј на прво место. 🙂

Благодарам на вниманието,
кандидат за конгрес во Повардарие,
Dragje