Шпагети и пица...

Day 1,218, 14:51 Published in North Macedonia USA by 14Walcott
Морав вака да го ставам насловот бидејки тие асоцираат на државата во која ги измислиле тие јадења - МАКЕДОНИЈА. Добро, не баш Македонија, во Македонија се наоѓа таа провинција, провинција Рома.



Значи оваа недела е доста успешна за Македонија и нејзините сојузници. Сакам на сите Македонци, војници, странци кои се бореа на нашата страна да им честитам на успехот затоа што успеаа во завземањето на првиот Италијански регион Апулија (Опули се). Но, главната цел не ни е освојување на сите региони на Италија. Главната цел е да ги задржиме истите региони. Во моментов се води битката за Молисе (Моли се). Очигледно религијата не им помогна на Италијанците, со нивната верба да го задржат овој регион. Македонија моментално води 5-0 во битките од кои највозбудлива беше токму 5тата рунда беше еден вид тест за сите војски на Македонија, како паравоени така и државни.


БОРЕТЕ СЕ ВО МОЛИСЕ! Оваа битка е од највисок приоритет за Македонија. Штедете оружје за крајот на битката...


Од друга страна истотака нашите сојузници бележат значителни успеси.Тврдината наречена Романија беше срушена и само е прашање на време кога оваа Империја ќе ги смени своите бои и ќе биде под водство на Унгарија. Унгарија успеа да земе Крисана и Трансилванија и автоматски со тоа продира кон центарот на Романија. Дракула од сега па натаму ќе се бори на страната на Унгарија, па затоа пазете се... И овде имаше возбудливи епски битки. Полека полека ONE (ЕДЕН 😃) израснува во голема еСветска Сила која допрва ќе го докаже својот потенцијал на бојното поле. Оваа алијанса, иако има само 6 членови таа докажа многупати дека е силна алијанса и дека се бори за интересот на своите земји - членки.





Исто така и Србија успеа да продре кон регионите на Хрватска и успеа да ја освои Славонија. Полека полека си ги враќаат етничките граници 🙂 . Сега Србија може да ги нападне сите Хрватски региони освен Прекмурје кој е Словенски оригинален регион. Овде очекуваме уште многу епски битки кои треба допрва да следуваат. Балканот буквално гори! Земјата се претвара во црвена...


Турција истотака полека почнува да се ослободува од канџите на јужниот сосед и повторно склучија алијанса со Унгарија и Србија. На повидок е уште една држава да дојде во ONE и повторно со старите пријатели во поход кон освојување на Новиот Свет. Затоа сега знам дека неможете да се одлучите во која битка ќе се борите со цел помош на нашите пријатели, но затоа почекајте за да видите како работите ќе се одвиваат и во кој правец, и на крајот донесете чекор разумно.





Сепак доколку сакаме да бидеме велесила треба да се потрудиме. Тоа бара само ред, дисциплина и напорна работа!





Напишал 14Walcott со помош на MakedonecMKD