[ВМРО-ВЕП] Консолидирање на редовите

Day 1,216, 14:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Wolf Leader

Постоењето и опстојувањето ВМРО-ВЕП како политичка партија со национална ориентација втемелена врз патриотизмот на сите нејзини граѓани кон заедничката татковина е директен одраз на потребата од изградба на нова еМакедонска империја.



Ние членовите на ВМРО-ВЕП сме дел од оваа партија заради докажување на нашите можности кои имаат за цел да ја воздигнат оваа партија како автохтон и автономен националистички политички субјект независен од сите други партии и таканаречени кланови.



Со консолидирање на редовите успеавме да им докажеме на сите дека можеме и сме способни да се обединиме и да ги обединиме сите други со цел понудување на нова политичка програма за вистинска обнова на еМакедонија. Оваа политичка партија не е настаната како одвојување, отцепување од друга политичка партија, оваа партија е создадена од страна на свесните еМакедонци кои секогаш ќе застанат на првите борбени редови за остварување на зацртаните цели



Како партија се залагаме за редефинирање на сите организации во склоп на државата, со достојна програма и достојно организирана партиска струкруктура составена од следниве играчи веруваме и ќе се залагаме за да ги оствариме зацртаните цели



Da Zivee Makedonija – претседател на партијата

Kole of Lerin - потпретседател

Real Macedonia – потпретседател/шеф на економскиот оддел на партијата

SaveAss – потпретседател/шеф на одделот за Политички планирања и анализи на партијата

Wolf Leader – генерален секретар/шеф на изборниот штаб

DuckDrogers – потпретседател/заменик шеф на изборниот штаб

Boboo6 – заменик шеф на изборниот штаб



Во текот на вчерашниот ден со одлука на претседателот на партијата формирано е посебно тело “Изборен штаб” кое ќе има за цел да го координира членството за време на претстојните конгресни избори. За подетални информации околу конгесменските избори сите ќе бидат известени преку партиските гласила.



Праќам и порака до сите заинтересирани конгресменски кандидати да се пријават и да учествуваат во новото градење на еМакедонија. Сакам да ги повикам сите симпатизери да се приклучат кон оваа партија, да учествуваат во нејзината работа, да бираат и да бидат избрани во нејзините партиски структури.
Затоа
Ако сакате Македонија без никакви надворешни влијанија;
Ако сакате партија која ќе работи во интерес на своите граѓани;
Ако сакате нова иднина;
Ако сакате партија која ќе понуди решенија како нова национална алтернатива на политичката сцена;
Ако сакате обновување и градење на еМакедонија според добродефинирани принципи.

Приклучете се кон најпатриотската партија во еМакедонија Внатрешната Македонска Револуционерна Организација - ВАРДАР - ЕГЕЈ - ПИРИН.