Предлог во КОНГРЕС за промена на законите!

Day 1,215, 11:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Georg the macedonian

Како конгресмен на почетокот се обврзав за подобро на еМакедонија и домашната економија и сега, новите услови во светот и ситуацијата во државата налагаат превземање на посебни мерки за заштита на македонскиот пазар и економија со воведување на новите закони за import 99% за производите кои ги имаме во изобилство после скорешниот БУМ на македонските компании кои се преполни со залихи и за да ги продадат производите мораат да одат на пониски цени!
А што ќе ни се странските компании во тој случај, тие можеби и влијаат 10-20% во уделот на економијата но предизвикуваат психолошки ефект со паѓање на цените и кај македонските фирми со спуштање и манипулирање со економијата кога ќе посакаат.
Затоа овие закони за IMPORT 99% на сите производи во изобилство се основани и оправдани, како и испраксирани во сите развиени земји на еРепублик како Србија,Бразил и други.
*За тие што не знаат што значи донесувањето на овие закони тоа претставува гаранција на македонските фирми дека ќе ја диктираат економијата и растежот и падот на цените во домашниот пазар, а се минимализираат или потполно се бришат влијанијата на странските фирми врз нашиот пазар.

Со почит,
Конгресмен Georg the macedonian