Прва војна со Италија [ Претседател ]

Day 1,214, 11:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Поздрав еМакедонијо,



На ден по завршувањето на нашата Прва војна со Италија би сакал да направам еден краток осврт кон текот на војната и лекциите кои ги научивме или треба да ги научиме.


Можеби не сте свесни, но војуваме веќе непрекинато во последните дваесетина дена. Најпрво тренинг војна со Србија за да дојдеме до железото, па со Црна Гора и на крајот со Италија. Војувавме во неколку востанија, против пријатели, против самите себе, па дури на моменти и против неколку земји од ЕДЕН истовремено. Се боревме машки!


Мислам дека огромен број од нас успеа да ги земе мисиите за НЕ и со тоа значително напреднавме со сила. Неколку пати си поставивме нов рекорд во нанесена штета и редовно сме во Топ 5 земјите во бројот на борци. Благодарение на сето тоа, нашата воена моќ во послениве 3 недели значително нарасна!


Италија глава скрши за да побегне од нас 😃 По секоја цена креваа востанија, трошеа злато и ги викаа Сојузниците да им помагаат само да го одолговлечат нашето напредување кон нив. Тоа освојување не им бега, само не сакам да брзаме.


Покрај доказот за нашата воена сила, војнава го отвори прашањето на степенот на соработка со нашите сојузници. Пораки праќав насекаде, по Претседатели, МоДови и МоФи. Преку ИРЦ, скајп и во играва. Едно сум убеден – повеќе и помогнаа сојузниците на Италија, отколку нам нашите. Тоа е факт. Но, дипломатија не се води со кавги и закани. Или пак одма да се лутиме и (не дај Боже) туку така да менуваме страни и сојузи. Овој аманет го оставам на сите наредни Претседатели : подобро е да бидеме избришани од мапата, отколку преку ноќ да менуваме Сојузи. Ние сме членка на ОНЕ едвај 24 часа. Да му дадеме време на сојузот да проработи. Па уште немаме ни МПП со сите негови членки. Ако јас бев избувлив и лесно се навредував, сега Грција ќе беше членка на ОНЕ, не ние. Затоа, не се палете од прва и не бидете брзи во заклучоците. Слушам муабети за некоја нова алијанса ...? Тоа е пробен балон од поединци, Индонезија ќе стане членка на ОНЕ официјално денес или утре. Со кого тоа ние ќе се здружуваме?


Значи, кога е во прашање надворешната политика на државата – НЕМА место за ексурзии и излети. Еднаш ли го изгубиме образот и станеме превртливци – толку е од нас. Немојте да си играте со премногу битни работи. Сојузништвото е процес и се гради низ времето и низ заеднички битки. Ние сега треба да јакнеме и да ги задолжуваме нашите сојузници ако сакаме и тие да ни помагаат за возврат.


Војнава ни помогна да видиме кои земји најмногу не’ мразат. Тоа нема да им остане непростено. Во згоден момент, еМакедонија ќе се одмазди.


ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ


Евидентно е дека последниве два дена не сум често онлајн. Владата сепак функционира. За да ја зголемам ефикасноста – воведувам нова функција : Потпретседател, кој ќе биде мој заменик додека отсуствувам. На таа функција го назначувам United Macedonia – докажан играч за кого нема потреба многу да објаснувам. Искусен како претседател, со многу познанства меѓу нашите сојузници и редовен онлајн. За средствата од Народна Банка, како и досега, останува одговорен Министерот за економија – Kpakep4e.


Со почит,
Струмјанин