[НОВИ ИЗМЕНИ] Весник и Инвентори (мислења)

Day 1,210, 17:50 Published in North Macedonia North Macedonia by makednoce


eRepublik имплементираше нови измени во начинот на пишување весник.
Администраторите конечно го слушнаа гласот на народот.
Како прво го ставија "Preview"копчето

Коешто самото се апдејтира додека пишувате!
И како второ конечно може да видиме колку претплати имаме на весникот.

И како трето весникот сега има еден час гап додека го објавите весникот

Ова ќе го намали бројот на спамери сигурно и е многу позитивна работа.
Е сега малце и за Storage

Денес или поправо вчера е воведена опцијата Storage која сега го заменува вашето Inventory

Сите верувам веќе сте запознаени за ова копче и каде се наоѓа.
Да ги погледнеме позитивните работи:
- Играчите сега ќе имаат 1000 место во инвенторито (неограничено до ден 1250)
- Играчите сега можат да ги продаваат своите производи од овде.
- Играчите сега можат да ги продаваат сите производи (карти ,матерјали,оружје и сл.)без да имаат основано фирма.
- Исто така сега е многу попрегледно за тоа колку имате и што имате.
- Голема предност е и тоа што сега немора повеќепати да одиме на маркет за да купуваме леб за поголемо здравје (за време на војна)

Да ги видиме сега работите кои не се ни негативни ни позитивни:
- Играчите сега неможат да ги бришаат своите работи.
- Сите пари сега се покажани на профилот.

На жалост има многу негативно во ова:
Лимитот на таканареченото Storage е направено на 1000 а еден просечен Guru му требаат околу 500 рав матерјали дневно а ако имаме 5 Guru работника ќе ни требаат минимум 3000 Storage Админите сигурно циљаат на тоа да оние играчи со фирми фрлат некое златце за апгрејд или пак да летне некоја картичка за вистински пари.

Играчите имаат различно мислење околу ова па би сакал да го слушнам подолу вашето.