Унифициран инвентар и унифицирана валута

Day 1,210, 06:01 Published in North Macedonia North Macedonia by MakedonecMKD




Поздрав Македонијо, еве решив денес да го преведам новото делче од модулот кој администраторите на еРепублика ни го подготвија.





Драги граѓани,

Денес правам нов подарок за вас. Правам нов објект во вашата земја (land):



Еве што ќе видите кога ќе имате пристап до овој објект:




Ајде да ве запознаеме со овој неверојатен објект и користа која ја добивате:



Прашања и Одговори

INVENTORY


П: Што ќе се случи со мојот инвентар?
О: Сите продукти од вашиот инвентар ќе бидат префрлени во новиот објект.

П: Супер! Значи сега можам да складирам дури 1000 предмети наместо 20 како што беше од стариот инвентар?
О: До ден 1,250 од Новиот Свет можете да складирате неограничен број на предмети.
Но да одговорам на вашето прашање, после Ден 1,250 штотуку роден граѓанин ќе може да складира 1000 предмени наместо 20, како што е во моментот.


П: Дали ќе има проширување на работите кои можат да се складираат за да иамме повеќе од 1000 предмети во инвентарот?
О: Сеуште оваа идеја не е спроведена, но можеби во блиска иднина ќе ја додадеме и таа опција за секоја компанија.
Пример, секоја компанија може да го зголеми капацитетот од 1000 на 5000.


П: Што друго ќе биде преместено во новиот инвентар?
О: Сите материјали од компанијата која ги имате (жито, железо...) ќе бидат преместени во новиот инвентар.




КОМПАНИИ

П: Беше многу тешко да ги користам призводите кои ги направив од мојата фирма. Дали сега ќе биде полесно?
О: Да, завршните производи создадени во вашата компанија се директно префрлени во новиот инвентар.

П: Што ако, после Ден 1,250, го достигнам ограничувањето од 1000 предмети?
О: Ако вашиот инвентар е полн, нема да можете да примите донации, да купувате од маркетот или да купите производи од друга компанија.
Иако, можете да направите готови производи во вашите компании (леб, оружје...), бидејки има помалку готови производи за правење отколку материјали за користење.


П: Како компаниите ќе функционираат ако немаат материјали складирани во нив?
О: Компаниите ќе ги користат материјалите директно од новиот инвентар.

П: Благодарам! Претходно губев премногу време за да се уверам дека сите компании кои ги имам имаат доволно материјали за да создадат готови производи.
Тоа ме потсети, дека истотака губев многу време на инвестирање национални валути...
О: Проблемот е решен драг граѓанин, сите валути се направени како една унифицирана валута.

П: А што е со имплементирањето на унифицирана валута?
О: Компаниите ги користат валутите директно од профилот за унифицираната валута за плаќање данок и ДДВ.




ЛИЦЕНЦИ НА КОМПАНИИТЕ

П: Новиот инвентар истотака ќе ја има можноста за давање понуди за продавање на материјали или производи на маркетот?
О: Да, сега можете да продавате материјали или готови производи директно, дури и ако немате компанија.

П: Но нема ли да ми треба лиценца за работа во Х држава?
О: Секој ќе добие бесплатна лиценца за матичната држава.

П: И што можам да продавам со таа лиценца?
О: Епа, драг граѓанин, лиценците за работење ќе бидат подобрени: лиценца за работење во држава ќе овозможи продавање на секој материјал и готов производ од секој квалитет во таа држава.

П: Што е со лиценците кои сум ги купил со златници?
О: Ќе добиете број (да го наречеме Х) или БЕСПЛАТНА лиценца за која на вас е да одлучите во која држава ќе ја ставите.
X = Вкупен број на лиценци која вашата компанија ги поседува.


П: Колку време ќе имам на располагање да одлучам во која држава да ја ставам бесплатната лиценца?
О: Не грижете се за тоа, можете дури да одлучите сеуште да не ја користите бесплатната лиценца, а потоа можете да ја искористете за да ја ставите во некоја нова држава која ќе биде додадена.




КОРИСТЕНИ ПРОИЗВОДИ

П: Дали ќе можам да продавам користени производи?
О: Не, користени производи неможат да се продаваат или донираат.



Тоа беше се народе, се надевам дека добро е преведено. Ако има некои забелешки пишете слободно во коментари, ќе ги променам најбргу што можам...



Ваш