Туторијал - ПРИНТСКРИН

Day 1,208, 05:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokalipto


Бидејќи гледам дека многу забуни се прават околу правењето/земањето на принтскрин (кој и тоа како е потребен во некои ситуации - за рефунд и слично) и од тоа што оперативниот систем на Виндовс е најраширен ќе ви дадам краток туторијал (со слики, за тоа како се прави принтскрин).

На многумина ова им е смешно и банално... дојдете да делите државни пари и да ве покрадат со тоа што ќе ви кажат дека незнаат како се прави принтскрин и да ве видам што ќе правите... слободно правете и унсуб, и бришете ме од пријатели ако сметате дека сум ретардиран што го правам ова.

Да започнеме, кога пред вас го имате екранот кој сакате да го сликате - го притискате копчето Print Screen кое на обична - стандардна тастатура се наоѓа тука (види слика подолу)



+ слика од разни можни комбинации и варијации на копчето на други тастатури:



Откако сте го притиснале Print Screen копчето кое може да биде и со скратено име Print Sc, Prt Src (сликата погоре) итн ги правите следните чекори:

Отворате Paint:


Потоа правите paste на овој начин:

или со притискање на ctrl + v копчињата од тастатурата додека имате отворен Paint

Понатаму, тоа што сте го пастирале го сочувувате:

Пожелно е да го сочувате во JPEG или PNG (за прикачувањето на нет да биде поедноставно - подолу ќе објаснам повеќе)

Одбирате локација каде ќе ја сочувате сликата:

и со тоа сте завршиле 99% од работата.

Понатаму сочуваната слика ја прикачувате на еден од овие сервиси за слики:
http://www.pic.mk/ или http://imageshack.us/ (погоре спомнав нешто за форматот на сликата која ќе ја зачувате бидејќи серверите полесно препознаваат JPEG и PNG).

Прикачената слика на овие сервери ќе се отвори пред вас заедно со линковите кои водат до неа, од прилика еден таков линк би изгледал вака:
http://www.helleniccomserve.com/images/fyromwontbudge.jpg (😛)

Бонус: Како изгледа прикачувањето и земањето на линкот (го искористив нашиот http://www.pic.mk/ сервер):



...после одбирањето на сликата ќе ви се отвори прозор со прикачената слика и линковите кои ви требаат под неа, Вам ви треба следниот линк:



И за тие на кои копчето не им работи има и онлајн програма со екстензии за Мозила и Хром http://lightshot.skillbrains.com/

Се надевам дека туторијалов ќе ви помогне, гласајте да го видат поголем број на еМакедонци.