Занимација и Едукација...

Day 1,207, 17:34 Published in North Macedonia North Macedonia by aquaMKD
Здраво еМакедонијо!

Иако последната статија што ја напишав за "Кумановски вицови" ми доби report за spam и уште еден казнен поен од админите тоа нема да ме спречи и понатаму да пишувам и да го споделувам моето мислење со вас. Затоа еве уште нешто поучно и интересно од мене :

Знаете ли дека -

- Кога стаклен сад паѓа и се крши,парчињата летаат со брзина од 4.827 км.на час.

- Електричниот автомобил за прв пат е претставен во 1896 година,а до крајот на векот речиси 50 одсто од автомобилите во светот биле електрични.Сепак,по 1905 година,80 одсто од автомобилите биле на бензински погон.По 1920 година,пак,автомобилите на струја се речиси - историја.

- Во Лос Анџелес има повеќе автомобили од жители.

- Финска е позната и како земјата на илјада езера поради 188 000 езера кои се наоѓаат во оваа земја‌.

- Сонцето е одалечено околу 149 милиони километри од Земјата‌

- За време на пуританското владеење, се сметало за голем грев ако се родите во недела.

- Римскиот император Домитиан уживал да седи сам во својата соба со часови, ловејќи муви и прободувајќи ги со пенкала
...хаха


Совршен бирократ е тој што не донесува никакви одлуки и кој успева да избегне секаква одговорност.Посовршен е само тој што ги донесува сите одлуки,а притоа ја избегнува одговорноста
. ~Брукс Аткинсон ~

Omnium gradium difficillmus est primus-Од сите чекори,најтежок е првиот.

Никој на светот не е посилен од човекот кој знае.
-Народна јапонска поговорка

Несреќата може да биде мост кон среќата.
-Народна јапонска поговорка

Човечки е да се згреши.
Лошо е една иста грешка да се повторува одново и одново.


pozz od aquaMKD (v+s)