Интересни информации и занимации...

Day 1,204, 15:42 Published in North Macedonia North Macedonia by aquaMKD
За пајакот,неговата мрежа е повеќе стапица за инсекти со кои се храни,одошто негов дом.И,како и кај снегулките,секоја пајакова мрежа претставува уникат,две идентични не постојат.

Главниот град на Мексико,Мексико Сити секоја година тоне по 25 сантиметри.
Во Токио се продаваат перики за кучиња. пффф хахах
На целосно наполнет супертанкер,при вообичаена брзина,по командата за запирање,му се потребни 20 минути додека потполно запре.
Не е возможно да се види црна дупка директно бидејќи од нив не може да "се спаси" ниту светлината... затоа тие се викаат црни дупки. Но има добри причини да веруваме дека тие постојат Тие претставуваат последен чекор во еволуцијата на една ѕвезда која е околу 10 - 15 пати поголема од нашето сонце. Кога ѕвездата ќе го потроши целото свое гориво, ќе експлодира во супернова. Од остатокот се формира исклучително густ објект наречен неутронска ѕвезда.Доколку неутронската ѕвезда е преголема, таа ќе колабира под дејство на големите гравитациони сили и продолжува да се собира што резултира со црна дупка.
Во 17 век, Џон Обри дошол до теорија дека Стоунхенџ бил храм на друидите. Според друга претпоставка, се смета дека бил изграден од страна на римјаните. Овие две теории владееле се до 20 век, кога се открило дека градбата постоела или била изградена пред околу 2000 години, пред доаѓањето на друидите и римјаните на овие простори. Денеска се смета дека бил изграден пред 5000 години.
Помеѓу античките народи кај кои се сретнуваат податоци за небесните набљудувања е и цивилизацијата на Маите кои во тоа време го знаеле точното привидно движење на небесните тела. Археолозите веруваат дека Формативниот период на Маите започнал околу 1500 година п.н.е., но врвот на нивните културни достигнувања бил постигнат за време на Класичниот период кој траел од 300 до 900 година н.е.
Ренди Гарднер од Сан Диего (САД) успеал во 1965 година најдолго да остане буден,цели 11 дена. - wow
Ако бројот 21.978 го помножите со 4,резултатот е бројка со истите цифри по обратен редослед - 87.912.

Најголем дел од луѓето знае како да се однесува.Проблем е што не сака така да се однесуваат. - Питер Маршал
Никогаш не сум бил сиромашен,само бев без пари.Да си без пари е минлива состојба,да си сиромашен е состојба на духот.-Мајк Тод
Кога сите се против вас,тоа значи дека сте апсолутно во право или апсолутно грешите.- Алберт Гвинон
Цивилизацијата секогаш е во опасност кога тие што не научиле да слушаат,добиваат право да заповедаат.- Винстон Черчил
За да се подобриш треба да се смениш, за да бидеш совршен треба да се менуваш често.- Винстон Черчил
Успехот доаѓа од паѓање до паѓање без да го изгубиш ентузијазмот. - Винстон Черчил
Не постојат ниту вечни пријателства ниту пак вечни непријателства.
Постојат само вечни интереси.


Се надевам дека добро се забавувавте
pozz aquaMKD v+s