Ти си еМакедонија! [Статистики + Леб]

Day 1,199, 13:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski


Здраво живо еМакедонци!

Статијава е продолжение или апдејт на мојата прва статија издадена пред 2 недели, Пред и после додавањето на еМакедонија.
Пред да почнам со статистиките би сакал да им се заблагодарам на сите еМакедонци во играва, ВИЕ сте главниот фактор што еМакедонија расте и ќе продолжи да расте за накрај да прерасне во голема еСветска сила!
Пред нас има уште пат да се изоди за да се стигне до максумумот што може да го дадеме од нас. Затоа, покрај статистиките ќе направам мини акција на делење на лебови. Ќе бидат доделени некаде околу 1000 парчиња леб со квалитет 1.
Поради обврски во реалниот живот, лебовите ќе бидат најкасно доделени до утре или задутре секако почнувајќи од денес.

Секој еМакедонец до 21 левел што ќе напише коментар ќе добие леб.

Така доста со уводниот дел, да преминаме на тоа што ме инспирираше да ви ги претставам следните статистики околу еМакедонија.

1.
2.
3.

1. Декември, почетоците на растот на еМакедонија објаснето во првата статија со статистики за нашата земја.
2. Пред 15 дена, еМакедонија во голем раст и покажува знаци како потенцијална еСветска сила.
3. Денес, еМакедонија меѓу првите 5 еДржави во Светот.

Сега да согледаме како и колку еМакедонија порасна за тие 15 дена од првите статистики за земјата.

Забележуваме дека во престојните 15 дена сите статистики се изменети драстично. Тоа се должи на секојдневен раст на младите играчи што ни се приклучија пред неколку месеци во играта, но исто така и на низа други фактори како повторна војна, зголемување на интересот кон играта и секојдневни бејби бумови кои што ја зајакнуваат уште повеќе нашата земја.



На сликава гледаме график во кој, штетата што дневно ја прави еМакедонија е пораснета за цели 304,48% односно од 2 493 220 милиони штета на 8 202 360 милиони штета. Секако оваа де должи на војната и на законот за природен непријател што ги има еМакедонија, но сепак за тренинг војна фактите се импресионирачки.
Исто така во постоен пораст се работната и воената снага на еМакедонија. За само 15 дена во еМакедонија има нови 7,25% работници и 33,51% борци. Во бројки тоа би било пораст од 370 нови работници и дури 1265 нови борци.
Растот на борците е исто така импресионирачки. За само 15 дена нови 1200+ борци е уште еден факт дека еМакедонија полека, но сигурно чекори по патот на врвна, голема и моќна еДржава.

Исто така статистиките за силата, искуството и економскиот скил кои нормално се во постоен пораст не се факти за занемарување.

Со оваа би ја затворил серијата статистики за нашата најмила еТатковина, еМакедонија! Се надевам дека ви се допаднаа статистиките.

еМакедонци, ВИЕ сите сте најголемиот тенк на еМакедонија, ВИЕ сите сте економијата на еМакедонија, ВИЕ сите сте војници на еМакедонија, ВИЕ сите сте златото на еМакедонија, - ВИЕ, СТЕ еМАКЕДОНИЈА!

ДОМИНИРАЈ!



Ваш,
Драш!