“еПријателство“ или “еИнтерес“

Day 1,195, 04:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr Pink RD

Добар ден обични еЛуѓе!

Ете недела , а освен со некој може да ми го “спусти“ сега ....денес се има време да се напише нешто! Изборите поминаа како што поминаа и после 2-3 статии престанав да ги читам! Дознав дека навистина е важно човек да влезе во политиката бидејќи играва е така конципирана и ќе мора ако сакаме силна еМакедонија да имаме и добра еПолитика! Какви сме, такви, јас сум жител на еПовардарие, а со тоа МОРАМ да најдам начин да ни биде подобро.

Би сакал со овој текст да ви укажам на неколку работи кој мене во моментот ме интересираат. “еПријателство“ или “еИнтерес“ - како до вистински избор! Во играва за моја радост запознавам се повеќе играчи за кој политиката игра големо значење. ја разбираат и се трудат да се постават правилно и да ги заштитат своите интереси! еТурција се враќа во играта, се менуваат алијансите...се појавуваат нови сили во еРепублика (прочитав баш утрово дека еСАД ни била непријател, па како тоа бе еЛуѓе 🙂! еМакедонија треба да ги следи своите интереси и никогаш да не се занесува со некакви си “трауматски“ пријателства или непријателсства! Секогаш треба да си го гледаме својот интерес! Да помогнеме и секогаш да вратиме за помошта! Ете сега ме има на борбите не сум веќе само работник 🙂 ама никогаш не видов еШпанец или еПолјак да удри за нас...а ние пак зборуваме за некакви сојузи!
Затоа ќе ве молам ...бар оние кој можат сега и се во состојба да ја креираат политиката ..да ги гледаат инетересите на еМакедонија, а особено да не се лажат со своите предрасуди! Само неа на овој виртуелен свет ја имаме!

срдечно ваш
Игор
п.с. тешко ова некој да го прочита се распишав, ко цела недела ништо да не сум напишал