КОНЕЧНО Е ФОРМИРАНА НОВАТА ПАРАВОЕНА ЕДИНИЦА АЛФИ

Day 1,187, 11:35 Published in North Macedonia North Macedonia by carlixxx
Добровечер Македонци

Со преголемо задоволство сакам да ве известам дека новата паравоена единица која деновиве деновиве беше во зародиш конечно е формирана.Единицата е составена од 30 членови со различно ниво на сила и мешовита старосна структура.Единствени услови за влез во нашата единица беа пред се човечноста и солидарноста а не силата и воениот ранг,затоа што силата и рангот се менливи а човечноста и солидарноста се трајни вредности на секој поединец.Сите оние играчи кои изразија желба за тимска работа веќе се дел од нашата единица.

Уште на самиот почеток докажавме дека ако сме сложни можеме да постигнеме се и како резултат на тоа денес можеме да се пофалиме дека располагаме со 6 компании од кои две за жито,две за железо и по една Q3 компанија
за храна и оружје кои се во сопственост на единицата.
На состанокот кој се одржа пред неколку дена по принцип на просто мнозинство беше донесена одлука за име и аватар на единицата.Беа дадени многу предлози и мнозинството одлучи нашата единица да го носи името АЛФИ.

А ова е и аватарот на нашата единица


Во финална изработка е и официјалниот блог на нашата единица но за тоа накнадно ќе бидете известени.

На ден 20.02.2011 година во вечерните часови ќе го имаме нашето прво официјално огнено крштевање.

И за крај сакам да ве известам дека единицата АЛФИ и понатаму останува отворена за сите оние кои што ќе посакаат да ни се придружат.