Повик за заедничка воена вежба и неколку предлози

Day 1,186, 09:30 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Добро Вечер Македонијо

Првин да им посакам добредојде на сите нови членови во PanzeR Организација.

Со оваа статија сакам да дадам предлог до сите паравоени единици за заедничка вежба одноцно заедничко удирање. После војната некако нашиот елан згасна и почнавме сите да се затвораме со своите организации.

Затоа оваа е повик до Претседателот и МОД да организираат заеднички удар барем 2 пати неделно во кое учество ке земат АРМ и паравоени единици (секако оваа е на доброволна база без рефунд) и скеој кој сака организирано да удира. Се надевам мојот предлог ќе добие добар одзив.

Втора работа околу економија.

Знам дека во овој период немаме конгрес и не може да се интервенира со закони но министрите може да оделат малку време и да дадат инструкции како да се регулираат цените на пазарот, мое мислење е дека Македонците ке прифатат минимална цена за секој raw или продукт.

Игнорирајте ги странските фирми и нивните понуди затоа што со секое купување странски производ правиме златото да се одлее надвор од Македонија и истото да поскапува повеќе во Македонија.

Не купувајте денари од Странски играчи.

Игнорирајте 1DW Компании и не се вработувајте во нив посебно ако се од странски играчи. Оваа особено е важно за послабите скилови кои се искористуваат максимално.

Мислам дека е добро некое министерство да издава дневни информации исто како што прави МОД за приоритетни битки.

Многу е важно Македонија да добие злато во овој момент затоа почнете да се претплатувате на наши весници, ништо не ве чини да потрошите неколку секунди за еден клик.

Денари купувајте од министерство за економија злтото е потребно за да може да потпишеме МПП со нашите сојузници.
Нема злато држава нема сојуз.

АКо имате уште некој предлог пишете во коментар и би замолил ако на некого не му се доаѓа статитјата да не трола со негативни коментари туку да бидеме конструктивни. Давајте предлози.