[Мин. за Образование]ВОЈНАТА ВО ЕРЕПУБЛИК, ВИДОВИ ВОЈНИ И КАКО ТИЕ ФУНКЦИОНИРААТ

Day 1,185, 08:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Добра вечер еМакедонци. Министерството за образование има чест да ви го претстави својот нов туторијал, чија тема е Војната во еРепублик, видовите војни и како тие функционираат.

Искрено се надеваме дека вашите очекувања ќе бидат во целост задоволени, а повеќето прашања од оваа интересна сфера солидно одговорени.



Војна , е состојба во која се наоѓаат две држави по Декларација на Војна (ДоВ) или усвојување на закон за Природен Непријател (ПН). Во моментот кога две држави стапуваат во војна, се активираат нивните сојузи (МПП-а) и можат да почнат со битки за поедини региони.

Војната може да биде завршена на два начина:

1. Потпишување на мировен договор (Peace Treaty) , кој може да биде предложен само од страна на претседателот на една од завојуваните страни. Мировниот договор претставува закон за чие освојување се потребни потврдни гласови од минимум 50% од конгресмените на државата предлагач, по што гласањето се префрла во конгресот на втората држава каде е потребен истиот број на гласови за негово усвојување. Во случај законот да не го добие потребниот број на гласови во една од државите каде е ставен на гласање, истиот се смета за неусвоен.
2. Губење на заедничка граница
3. При губење на сите региони од страна на една држава (бидејќи во суштина се губи заедничката граница), или популарно наречено „Бришење“.


Крај на војна едноставно значи дека двете држави повеќе не можат да се напаѓаат една со друга.

Постојат два начини за да се објави војна:


I. ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ВОЈНА (ДоВ) – DECLARATION OF WAR

ДоВ се започнува со предложување на војна од страна на претседателот, при што предлогот се става на гласање во конгресот. Право на глас за таквиот предлог имаат сите конгресмени на државата-предлагач. За да се усвои предлогот, потребно е двотретинско мнозинство од гласови „ЗА“.

За директно објавување на војна, потребно е да се исполнат два услова:

1. Државата – агресор мора да има заедничка граница со државата на која и се објавува војна, било копнена или морска.
2. Пред самотото објавување на војна, претседателот треба да ја внесе потребната количина злато во државната каса, која е всушност цената за објавување и изнесува 200 злато + 10% од бројот на еЖители кои се ниво 5 или повисоко (пример: ако државата на која и се објавува војна има 2000 жители со ниво 5 или повисоко, цената за објавување на ДоВ би била 200 злато + 10%*2000 = 200 злато + 200 злато = 400 злато).



(На сликата е претставено прозорчето кое му излегува на претседателот при иницирање на ДоВ)

Овој начин за започнување на војна има и свои предности и свои недостатоци.

Во моменталните услови, предноста се состои во можноста да се војува на додатни фронтови, без 48-часовно чекање за промена на Природен Непријател (понатаму во текстот ПН), посебно во случај кога треба да се нападне држава со мал број жители и мала воена моќ, а во моментот на ДоВ се војува со силен противник каде би било ризично да се изгуби 10% бонус штета што ти го обезбедува законот за ПН.

Недостатокот се состои во плаќање на цената за ДоВ (напомената погоре), која, во случај да се работи за напад над држава со голем број на активни играчи, понекогаш може да изнесува и над 1200 злато, што за разлика од војувањето преку прогласување на ПН (при кое трошоците за објавување се 0 злато), е незавидна сума.

По објавувањето на војна, напаѓачот има 24 часа да нападне пред да ја изгуби иницијативата.


II. ОБЈАВУВАЊЕ НА ВОЈНА ПРЕКУ ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПРИРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ (ПН) – NATURAL ENEMY

Вториот начин за објавување на војна е преку закон за прогласување на Природен Непријател Предлогот за прогласување на ПН може да биде објавен од страна на конгресмените или претседателот, а законот може да биде усвоен само со двотретинско мнозинство (или барем 66% од конгресот да гласа „ЗА“).

Секоја држава може да има само еден ПН. Услов за прогласување на ПН е да се има заедничка граница. По усвојување на законот, се отвара бесплатна војна (0 злато) помеѓу две држави, а граѓаните на државата во која е усвоен законот добиваат 10% зголемена сила при секој воен тренинг за време траењето на законот и уживаат 10% зголемена штета во битките помеѓу својата држава и државата која е прогласена за ПН (забелешка: 10% зголемена штета не важи во воени дејства на друга држава против државата прогласена за ПН).

Војната отворена преку закон за ПН не може да биде завршена преку потпишување на мировен договор (Peace Treaty). Од моментот на потпишување на законот, истиот не може да се менува во следните седум дена. По истекување на седум дена од потпишувањето на законот, ПН може да биде променет или поништен (во случај на поништување на ПН, граѓаните на државата го губат бонусот од 10% зголемена сила при секој воен тренинг). Дозволено е да се изгласа нов ПН веднаш по поништување на претходниот (без временски ограничувања).

Законот за ПН не важи истовремено и за двете држави, туку само за државата каде истиот е предложен и изгласан. За законот да важи за двете инволвирани страни, тој мора да биде предложен и изгласан и во двете држави.

Една држава може да биде прогласена за ПН од страна на две или повеќе нации, во зависност од тоа со колку држави споделува заедничка граница.

Законот за ПН не важи за сојузниците на државата-предлагач на било кој начин.



(Вака изгледа прозорчето на конгресменот или претседателот при започнување на постапката за прогласување на ПН)


III. ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈНА (ОВ) – RESISTANCE WAR

Ослободителната војна (понатаму во текстот ОВ) е алтернативен начин на војување. ОВ може да биде покрената од кој било играч кој се наоѓа во освоена територија (т.е. регион кој оригинално не и припаѓа на државата која во моментот на отпочнување на ОВ го држи под своја контрола) со цел да се ослободи од туѓа власт.

ОВ неможе да биде покрената во оригинален регион на државата во која се наоѓа. Од неодамна, беше исклучена можноста да бидат покренати ослободителни војни во повеќе од еден регион на дадена окупирана држава, туку само по една во рок од 24 часа. Ако државата-окупатор има оригинални региони на повеќе од една држава, тогаш е дозволено покренување на по една ОВ по број на окупирани држави (т.е. нивни региони).

На пример, во моментов на пишување на туториалот, Србија има три територии од БиХ и по еден од Словенија, Австрија и Германија. Во еден циклус од 24 часа, во Србија можат да бидат покренати четири ослободителни војни, по една за регионите од сите четирите држави, од кои само во еден регион на БиХ, без разлика на фактот дека Србија држи три босански региони.

Ослободителна војна во одреден поробен регион, може да биде покрената само 24 часа по освојувањето на истиот регион од страна на државата-окупатор. За да се започне ОВ од еден играч, потребно е да се задоволат три услова:

1. Да има доволен број искуствени поени
2. Да биде лоциран во тој регион
3. Да ја плати потребната сума злато за започнување на ОВ


Цената за започнување на ОВ изнесува 25 злато + 0.1 злато за секој граѓанин кој живее во тој регион.

ОВ може да биде ставена и во листа на чекање ако за време на иницирањето веќе се води битка во истиот регион од страна на две држави (не е возможно да се стават повеќе од една ОВ за еден регион во листа на чекање). Во случај регионот каде ОВ е ставена во листа на чекање да биде ослободен пред започнувањето на битката, вкупната цена што е платена за истата ќе му биде вратена на граѓанинот што ја започнал.

Сојузите (МПП-а) не се активни за време на ОВ ниту на една страна, т.е. мора да бидеш лоциран во државата која го има тој регион под своја контрола за да се бориш во истата.

Борењето во ОВ има иста механика како и во нормалните војни, со таа разлика што играчот на почетокот мора да одбере на чија страна ќе се бори (претставено подолу на сликата).




ПРАВИЛА И МЕХАНИЗМИ ЗА ВОДЕЊЕ НА БИТКИ (BATTLES)

За добивање на една битка, било да се работи за војна покрената од ДоВ, прогласување на ПН или ОВ, потребно е една од завојуваните страни да победи во 8 мини битки (mini battles). Една мини битка трае два часа, а за добивање на истата, потребно е да се нанесе повеќе штета (influence) од противникот за времетраењето на истата. Победник е државата која прва победила во 8 мини битки. Една битка може да биде завршена со минимум 8, а максимум 15 мини битки.

Битките се водат со помош на сојузниците. Сојузите (или МПП, скратено од Mutual Protection Pact) претставуваат договори помеѓу две држави за меѓусебна одбрана и се активираат автоматски во моментот на започнување на инвазија, при што граѓаните на сојузните држави имаат можност да се борат за државата со која имаат потпишано МПП во сите последователни битки од нивните домашни региони.

За потпишување на МПП, двете идни сојузнички држави мора да платат по 100 злато, што значи вкупната цена за стапување во сојуз изнесува 200 злато. МПП може да биде предложено само од страна на еден од претседателите на двете идни сојузени нации, при што законот се става на гласање во конгресот на обете држави истовремено. За да биде усвоен предлогот за сојуз, истиот мора да биде потврдно изгласан од минимум 50% конгресмени на обете држави. Во спротивно (ако на пример во едната е изгласан, а во другата не) сојузот ќе биде неважечки.

Секое МПП има рок на траење од 30 дена. По истекот, може повторно да се обнови за истата цена и со ист рок на траење.

Сојузите не се активни во ОВ, како што е погоре наведено.


ИНИЦИЈАТИВА

Главно правило за водење на војна е неможноста на една нација да нападне додека е нападната. Во војни 1 на 1, држењето на иницијативата е еден од најглавните чекори до победата. Државата која има иницијатива во еден конфликт не може да изгуби територија.

Иницијатива всушност претставува можноста на една држава да изврши напад за време на војна. Иницијатива се добива кога една нација започнува напад, а се губи кога една држава води одбранбена војна.

Државата-агресор, во моментот на започнување на војна, има рок од 24 часа да нападне една погранична регија на противничката држава. Ако претседателот на државата-агресор тоа не го стори, тогаш, во зависност од начинот на покренување на војната, може да се случи следното:

1. Самата игра започнува автоматски напад по случаен избор, врз една од пограничните територии, ако се работи за војна по пат на ПН, и таквиот напад секако чини 0 злато
2. Иницијативата се препушта на противничката држава без да биде извршен напад (во случај на војна покрената по пат на ДоВ)

Ако државата која напаѓа ја добие битката, истата ја задржува иницијативата за следните 24 часа, додека ако истата офанзивна битка е изгубена, иницијативата и се препушта на државата која се брани за следните 24 часа.



(На сликата можеме да забележиме дека еБразил победил во последната битка, во која ја нападнал Екстремадура (заокружена со црно), а во делот од сликата кој е заокружен со црвено, гледаме дека поради истата победа еБразил ја задржал иницијативата и има право на уште еден напад во следните 24 часа)



Со почит
Macednon
Заменик Министер за образование на еМакедонија
Февруари 2011

Кликнете на саканата тема за да прочитате повеќе: