[ОЦМ] Како да гласате на партиски избори

Day 1,182, 15:25 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Почитувани граѓани на еМакедонија,

Како што веќе знаете Образовниот Центар беше формиран од страна на Министерството за Образование со цел едукација и запознавање на новите играчи со некои основни делови и работи во играта. Во текот на овој период во весникот на Министерството за образование ќе излегуваат туторијали кои е пожелно секој да ги прочита со цел побрзо осознавање на играта.
Доколку вашите прашања не бидат одговорени во туторијалите или пак сеуште имаат некои нејаснотии во играта, тогаш слободнo пишете ни порака и ќе се обидеме да ви помогнеме. Се надеваме дека ќе ви овозможиме полесен и појасен еЖивот.



Вовед во еРепублика партискиот систем

Во секоја земја во еРепублика постојат партии кои учествуваат во секојдневниот политички живот во таа земја.

Секоја партија си има свој претседател кој има одредени овластувања. Претседателот на одредена партија го бираат само и само членовите од таа партија.

Во еРепублика партиските избори се одржуваат секој 15 во месецот.
Тоа значи дека наредните партиските избори почнуваат на ден Вторник 15.02.2010(денес) во 09:00h по македонско време (00:00 по еРепублика време), а завршуваат наредниот ден 16.02.2011 во 09:00h по македонско време (00:00 по еРепублика време). Во тој временски период секој член на партија може да го даде својот глас за лидер само на својата партија.

Претседателите на партијата имаат повеќе можности и нивна задача е да прифатат/одбијат кандидати за парламентарните избори (конгресни) како и да изберат правци на кои е ориентирана партијата и тоа имаат избор економска ориентација да изберат (Far-Left, Center-Left, Center, Center-Right, Far-Right) или политичка (Totalitarian, Authoritarian, Libertarian, Anarchist). Исто така имаат и можност да променат име на партија, лого и да предложат кандидат за претседател на држава доколку партијата е во првите топ5 партии во државата.

Играчите кои ќе бидат избрани за лидери на своите партии ќе стапат на должност 6h по завршувањето на гласањето.



Гласање на партиски избори - Предуслови

За да можете да гласате на денот на избори треба да ги исполнувате следните услови
- минимум 6 левел (35 искуствени поени)
- да сте член на некоја партија.


Во тој случај имате право да гласате само за еден од кандидатите во вашата партија. Со самото гласање вие добивате 1 искуствен поен.

Доколку не сте член на ниту една партија, придружете се во некоја од постоечките партии на следниов начин:

- изберете го менито Community -> Party за потоа да ви се појави оваа слика подоле на која кликаме Join a party и избираме партија сакаме да се придружиме.



- важна напомена- можете да се приклучите на одредена партија во некоја држава ако и само ако се наоѓате во таа држава и истовремено поседувате нејзино државјанство. Доколку не ги задоволувате тие услови ви се појавува следнов екран:



Во тој случај треба веднаш да се преселите во матичната држава.



Гласање на денот на изборите

Доколку ги задоволувате условите за гласање на партиски избори на денот треба да го направите следното:

Одете во менито Community, изберете ја опцијата Elections и тогаш ќе ви се појави листа со кандидати за претседател на партијата. Важно е да гласате според тоа дали кандидатот е официјален зошто често на листата за кандидати се пријавуваат и поранешни странски државјани кои сакаат да ја превземат партијата и да направат штета.
За да гласате кликате на копчето “Vote“ што се наоѓа десно од името на кандидатот. Гласањето трае 24 часа.



Листа на кандидати

И за на крај ви ги претставувам официјалните листи на кандидати по партии:

Обединета еМакедонија

Македонски национален фронт

еВмро

Среќно.

Искрено ваш,
Панче Исајески

П.С Ве молам Викајте и Гласајте за статијава за да можат што повеќе играчи да ја видат.

Кликнете на саканата тема за да прочитате повеќе: