ЕДНА НОВА И ПОИНАКВА ПАРАВОЕНА ЕДИНИЦА

Day 1,181, 12:39 Published in North Macedonia North Macedonia by carlixxx

Добровечер Македонци и Македонки!

Со големо задоволство сакам да ви го најавам раѓањето на една нова и поинаква паравоена единица.
Паравоена единица во која сите нејзини членови ќе бидат еднакви без разлика на нивната сила и искуство.
Единица во која секој ќе може слободно да ги изнесе своите идеи и размислувања без да биде игнориран и осуден од останатите.
Во изградбата на оваа паравоена единица подеднакво ќе учествуваат сите нејзини членови
и гордо ќе гледаат како таа секојдневно расте и се развива.
Секој член на единицата ќе има увид во нејзината финансиска состојба и начинот на поделба на ресурсите.
Можеби забележавте дека никаде не го спомнав иметона единицата.Тоа е така затоа што и за нејзиното име,аватар и другите обележја сите членови ќе дадат свој предлог и заедно ќе ги избереме.
Сите вие кои сте пред се за добра дружба и тимска работа ве поканувам да го пополните овој формулар: ФОРМУЛАР
и да дадете свој придонес во изградбата на новата паравоена единица која ви ветувам дека за многу кратко време
ќе биде гордост во нашата држава и за чии подвизи надалеку ќе се слуша.

EDIT

Планираме оваа паравоена единица да не биде како останатите.Неколку играчи да се развиваат а другите да бидат црнци и робови.Сакаме да направиме модел во кој секој ќе има право на свое мислење и предлог за понатамошниот развиток на единицата.Секој предлог ќе биде ставен на гласање и доколку биде изгласан од мнозинството ќе биде прифатен.Единицата ќе ја водат еден командант и двајца заменици кои секој месец ќе се избираат со внатрешно гласање.Секој командант ќе командува со 20 војници.Во изградбата на инфраструктурата ќе учествуваат сите членови и секој член ќе има свои задолженија.Со еден збор ќе функционираме сложно како еден.Единицата и нејзината инфраструктура нема да биде ни моја ни твоја туку заедничка на сите и секој член кој од било кои причини се откаже ќе добие одреден финансиски надоместок