Расказ: Животот на село во еМакедонија

Day 1,181, 04:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Afroks

Поминаа 5 дена откако го купив мојот ранч и се преселив на село. Ранчот е убав, на убаво место, има мала река која што поминува одма покрај северниот крај на мојата нива со жито, а времето е претежно сончево иако е фебруари. На јужниот раб на ранчот каде што сега ни се нашите колиби има мало езерце.За кратко време успеав да најдам вредни работници кои ми се придружија и за кратко време успеавме да направиме добри услови за живот и работа. Во првиот ден изградивме две колиби и бунар. Беше тоа напорен ден, зошто сеуште не се познававме. Тешко беше да се утврди текот на работата бидејќи сеуште немавме добро изградена комуникација. Но успешно се снајдовме.

Другите денови изградивме амбар за житото како и уште една колиба каде ги чуваме алатите и тракторите.
Останато време претежно го користиме грижејќи се за посевите со жито, разделени во три групи.

Се собираме три пати во текот на денот за да јадеме и да се координираме, а еднаш неделно со џипот се оди до градот за набавка на неопходните работи и се разбира за да се продаде житото.

Околината е слабо населена, и одалеченоста од градските средини се чувствува посебно во вечерните часови кога со работниците на мојот ранч се собираме во селската коперација. На телевизорот во коперацијата се фаќа само МТВ1/2/3, а поради ниската откупна цена на житото сеуште не сме заштедиле за да купиме телевизор и сателитка антена за во нашите куќички. Но времето го надополнуваме играјќи карти, табла и шах. Знаеме некогаш да свртиме некоја скара навечер и да пивнеме по малку. Преку денот има многу работа и уморот доаѓа брзо, а сонот некогаш успева да совлада некој од нас дури од 9 часот навечер. Боже колку убаво се спие на чист водух кога си уморен!

Засега работите се одвиваат добро, и секој од нас потајно ги празнува благодедите на селскиот живот, чистиот воздух, физичката работа, здравата храна, мирниот сон. Секој на свој начин несака никогаш да се врати назад во градот, бучавата, пекарите, железариите, нафтените платформи, пост-воените македонски градови и економија.
Можеби затоа секој од моите работници вклучувајќи ме и мене работат напорно од ден за ден за оваа идила никогаш да не заврши. И мене ми е јасно дека без нив никогаш немаше сето ова да се оствари.
Во знак за благодарност овој расказ им го посветувам нив. На сите кои работат или некогаш работеле на мојот ранч Zlaten Klass My Ass. Исто така голем дел од благодарноста оди до откупувачите на нашето жито. Без вас малку од ова би се остварило.
Сега морам да се фатам за работа. Кога си на село секогаш излегуваат нови и нови обврски кои треба да се завршат.
Накрај ви испраќам една разгледница од мојот ранч. Поканети сте да не посетите некогаш кога ќе ви прекипе од градската гужва: