ИНТЕРВЕНЦИЈА ОД СТРАНА НА АДМИНИТЕ

Day 1,180, 02:00 Published in North Macedonia North Macedonia by carlixxx

Здраво Македонци

Сите сме сведоци на економскиот крах низ целиот еСвет.Со вметнувањето на новите промени во економскиот модул од страна на админите се отвори можноста секој играч над 12то ниво за само 10 златници да си креира сопствена компанија.И покрај апелите од поискусните играчи да не се креираат нови компании сите побрзаа да си отворат сопствена компанија мислеќи дека на тој начин сите ќе се збогатат и побрзо ќе напредуваат.
Но сите заборавија на фактот дека ако секој отвори по една па дури и по две компании ќе дојде до презаситување на пазарот со сите суровини и производи.Сите мислеа дека ако не им оди бизнисот ќе си работат самите во сопствената компанија и плус во некоја друга компанија во која ќе земаат редовна плата.Но не помислија дека сите мислат исто како нив и сите ќе го направат истото.Значи во тој случај на никој не би му требале работници и планот за дополнителна работа покрај во сопствената компанија отпаѓа🙂
За само неколку дена се создадоа повеќе од 2000 нови компании и конкуренцијата и неискуството на голем дел од играчите си го направи своето.Цените на сите суровини и производи за само неколку дена паднаа за цели 80%.Како резултат на тоа и платите се намалија за 80% и дојде до масовно отпуштање на работниците.Со еден збор целата економија доживеа тотален колапс и почна да се распаѓа со забрзано темпо.

Ситуацијата стана толку алармантна и админите решија да интервенираат со цел да ја спасат целата светска економија од колапсот во кој самите тие ја втурнаа.
Ноќеска од сите светски маркети админите откупија 80% од лебот и житото и на тој начин ја елиминираа презаситеноста со храна и жито.
Како резултат на таа нивна интервенција ова утро цената на лебот на нашиот пазар достигна до 0.77 мкд.
Но тоа не траеша ни половина час.Повторно неискусните играчи успејаа да симнат цената на 0.57 мкд за само 20 минути.Значи ако желбата за уништување на сопствената економија е толку голема тогаш не помага никаква интервенција на админите.
За жал имаме толку многу неискусни и потпросечно интелигентни играчи кои несвесно си ја уништуваат сопствената економија и без разлика на било каква интервенција од страна на админите Македонската економија е осудена на пропаст!

Но оваа интервенција на админите покрај тоа што не ги даде очекуваните резултати ќе има и негативно влијание врз Македонската и светската економија.
За да откупат 70% од лебот и житото нив им беа потребни многи пари.Значи админите испечатија огромна сума од сите светски валути и ги пуштија во оптек.Државите нема да имаат никаква контрола на тоа колку пари се пуштени во оптек .Значи оваа интервенција на админите ќе доведе до зголемена инфлација во целиот еСвет

Од сето ова можеме да заклучиме дека не очекува еден исклучително тежок период на економски план.

Затоа размислете уште еднаш пред да ја спуштите цената на производот кој го продавата со цел побрзо да го продадете.На тој начин само придонесувате за побрзо уништување на нашата економија