[ТУТОРИЈАЛ ЗА БЕБИЊАТА]Првото вклучување на еРепаблик

Day 1,179, 12:43 Published in North Macedonia North Macedonia by filozof123


Стиснете Vote&Subscribe за да види цела Македонија!
Значи статијава е многу долга и претставува туторијал за новите играчи!
Имено деновиве ќе има нов бејби бум и затоа се решив да се помачам и да напишам една доолга статија која ќе биде корисна за новите играчи!
Статијава ќе ја објавувам на секои два дена за да биде постојано во топ5 и да ја гледаат новите играчи!
Доколку сте нов играч ве молам прочитајте ја цела и постапувајте како што пишува!
(за да ги видите целосно сликите стиснете десен клик и Show Picture или пак држете CTRL и кликнете на сликата!)
На сликите се означени бројки кои потоа се објаснети!
Денеска околу 21 часот ќе биде повторно објавена статијава!Сигурно знаете дека некој весник може да се задржи само 2 дена во топ5, па затоа ќе ја објасвувам на секои 2 дена!

На првава слика е покажана почетната страна на еРепаблик!


1.Слика од вашиот профил и вашиот левел под неа.
2.Горното мени(кога поминувате со стрелката преку нив ви се отвара ново мени.
3.Мисии.Кликнете на сликата за да видите за каква мисија се работи!
4.Здравје (health)!Важно е да бидете постојано на 100!Кога работите секогаш работете со 100 здравје!Многу е важно да работите со 100 бидејќи така ја зголемувате продуктивноста и произведувате повеќе)Здравјето можете да си го повратите со јадење леб, со куќа или пак со болница!
Најчесто се лечите со леб!
5.Наредени се завршените и активните битки!Кликнете fight за борба и тоа значи дека уште се води битката, а каде што пишува victory битката е веќе завршена!
МНОГУ Е ВАЖНО ДОДЕКА СТЕ НИЗОК ЛЕВЕЛ ДА НЕ СЕ БОРИТЕ!
(Под низок левел мислам до 15 левел, ако се борите под тој левел не ни помагате, туку одмагате...)


Прво што треба да направите е да најдете работа!
Ставете ја стрелката на Market и потоа кликнете на Job Market.
Треба да ви се отвори страница како на сликата!



1.Скилови за работа(кога ќе отворите автоматски се поставува на вашиот скил)!
2.Левелот на квалитет на фирмата(колку здравје ќе потрошите при работа зависи од квалитеттот на фирмата)!
3.Врста на компанијата.
4.Дневната плата.Аплицирајте секогаш за таа со најголема плата.
5.Кликнете на apply за да аплицирате за таа работа!

Одете на My Places и потоа кликнете на Company и потоа пак кликнете на Work за да работите.
Откако ќе го направите ова треба да ви се отвори страница како на сликата.



1.Пред да работите здравјето треба да е на 100!Гледајте секогаш да работите со 100 здравје!
2.Resign значи отказ!Доколу сакате да дадете отказ кликнете на тоа, но да знаете отказ смеете да дадете тек после 3 дена откако ќе се вработите!
3.Бустери за работа.Додека немате злато користете го првиот кој е бесплатен.
4.Вашата плата(без одбиен данок од 10😵.
5.Напредокот на вашиот скил за работа!

Откако ќе изберете бустер и ќе кликнете Start Working ќе се појави нова страница!


1.Платата која сте ја добиле (со одбиен данок).
2.Износот на работниот скил кој што сте го добиле работејќи!
3.Вашата продуктивност(важна за сопствениците на компании).
4.Бројот на производите кои сте ги произвеле работејќи.

Сега одете на My Places и потоа кликнете на Training Grounds.
Треба да ви се отвори следната страница.



1.Вашата моментална сила.
2.Бустери за тренирање(се користат исто како тие за работа)во почетокот користете го само бесплатниот бустер.

Откако ќе одберете бустер и ќе кликнете на Start Training ќе ви се отвори ваква страница!


1.Силата која сте ја добиле со тренирање.
2.Вашата вкупна сила, и колку ви недостасува до следниот Super Soldier медал.


После тоа кликнете на третата мисија (Get Reward) и ќе видите:
1.Наградата која сте ја добиле(доколку ја исполните мисијата).
2.Што треба да исполните за да ја решите мисијата.


Сега кликнете на своето име или слика и треба да ви се отвори следнава страна.


1.Државата и регионот во кој се наоѓате (кликнете на Change и можете да се преселите).
2.Вашето државјанство.
3.Компанијата во која работите.
4.Политичката партија во која сте зачленети.
5.Името на вашиот весник доколку го имате.
6.Вашите пријатели во еРепаблик.
7.Копче за промена на вашиот профил.
8.Вашето здравје.
9.Вашиот левел и поените за искуство.
10.Медалите кои сте ги освоиле.
11.Вашиот скил за работа.
12.Вашата сила.
13.Војниот ранк(бодовите ги добивате со борба).

Сега кликнете на Edit Profile и треба да ви се отвори следнава страница.


1.Овде можете да напишете било што за себе.
2.Овде можете да внесете слика за вашиот профил.
3.Овој дел не го гледа никој освен вие и админот (доколку сте помали од 14 може да ви го блокираат акаунтот).
4.Овде можете да го промените вашиот меил.
5.Пред да промените било што мора да го напишете пасвордот.
6.Кликнете овде доколку сакате да го промените пасвордот.
7.Кликнете овде за да внесете ПИН за дополнителна заштита на вашиот профил!

Ставете слика од профилот за да ја решите мисијата.


Сега одете на Market па кликнете на Мarketplace.

1.Овде го избирате производот кој сакате да го купите.
2.Овде ја избирате врстата на производот(според квалитет).
3.Кога ќе кликнете Show Results ќе ви се покаже соодветниот производ!


1.Квалитетот на производот.
2.Името и линк од производителот.
3.Количината од тој производ која моментално се продава.
4.Цената на производот (секогаш се наредени од најевтиниот кон најскапиот.
5.Овде запишете колку производи сакате.
6.Стиснете на Buy за да купите.

Сега одете на почетната страна и треба да го видите ова.


Тука се прикажани весниците.

1.Весниците се подредени по бројот на гласови (VOTE).
2.Весниците се подредени според датумот на издавање(тука се прикажани најновите).
3.Весниците со највеќе гласови во сите држави.
4.Име на статијата.
5.Број на гласовите кои статијата ги има добиено.
6.Кликнете за да видите повеќе веници.

Доколку после се ова имате нешто нејасно кликнете
тука и внесете го вашето име и влезете на четот и прашајте што ви е нејасно!


Големо фала до Topli Brat кој ми помогна за скриншотовите.

Доколку ви помогна оваа статија кликнете најгоре VOTE&SUBSCRIBE за да можат да видат сите играчи!

Нека ни е вечна Македонија и нека се множат новите играчи!