Внимание, Опасност!

Day 1,179, 12:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Osogovo

Добро вечер Македонци,

Пред неколку минути ми стигна мејл од USA Soldier со наслов Vote This Article. На прв поглед, никот ми беше малку сумљив и се решив да ја отворам статијата и има што да видам. Дечкото ми праќа линк, а тоа е http://www.erepublik.110mb.цом (репорт му „мавнете“). Некоја тешка будала (без навреди кон нив) би кликнал на тој линк и би го пишал својот ник и пасворд за да влезе и да „гласа на статијата“. Таквите страни се викаат фишинг (phishing) страни и тие се добар плагијат на оригиналната страна. Фишинг страните слушат за измама и крадење на податоци (барем јас така знам 😛)
Значи вака, Никако не кликајте на линкот! Никако не ги внесувајте вашите login информации, никот и пасвордот/лозинката!
Повеќе за фишинг, на Википедија.

Поздрав другари, останете ми со 100 здравје.

едит
Добро е, го банирале поради мулти акаунти т.е. играјки со повеќе профили. Али пораките кој тој ги пратил се сеуште „живи“ т.е. ги има во голема количина и се пратени на голем број на луѓе низ еСветот. Сеуште постои опасност, уште еднаш не ја отварај страната, за твое, а и наше добро.